Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Угостителските услуги за периодот јануари-декември 2022 зголемени за 12,3 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во споредба со ноември 2022 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.7 %.
-
Списоците се објавени: Проверете дали Ви следува финансиска поддршка од државата
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на...
-
На Шапка нема снег, нема ниту туристи
Вообичаено на Шапка снег има од ноември до април. Илјадници скијачи, сноубордери, главно од Македонија и од соседството се скијаат и уживаат на падините на Шара. Годинава, поради високата, невообичаена температура, не забелеаја скијачките патеки, туристите засега изостанаа...
-
БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ за 6 и 7 јануари - Проверете на кои локации
Дел од јавните паркинзи во Скопје без наплата за божиќните празници
-
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈСП: Промени во регуларниот возен ред на 6 и 7 јануари
Проверете го возниот ред на ЈСП за време на празниците!
-
Закон за да се забранат штрајковите, што мислите за ваквата иницијатива!?
Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе објави легислатива за спроведување на „минимални нивоа на услуга“ насочени кон спречување на штрајковите, објави Тајмс.
-
DS Smith ВРАБОТУВА во Сектор за човечки ресурси и Сектор за финансии!
DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија. DS Smith Скопје има потреба од:
-
Еве колку испадна трошокот за дочекот на Новата Година „со руска и кифлички“
Граѓаните велат дека празниците ги поминале дома, не затоа што немале идеи, туку затоа што семејниот буџет не им дозволувал да слават надвор од домот.
-
Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци
Според новите еколошки регулативи во Шпанија и Ирска, производителите на цигари ќе бидат принудени да платат дел од трошоците потребни за отстранување на милионите цигари што пушачите ги фрлаат на улиците секоја година.
-
Излегоа списоците за финансиска поддршка – Проверете дали сте корисник
На интернет страна на Министерството за труд и социјална политика објавени се списоците со корисници на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.