Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Бројот на претплатниците на мобилната телефонија го надмина бројот на жители
Според извештајот на АЕК, заклучно со вториот квартал 2022 година во државава се регистрирани 432.086 фиксни линии, за 1,37 отсто повеќе на квартално, а за 2,66 отсто на годишно ниво.
-
Имате застарени сметки? Ова треба да го знаете!
Долговите на граѓаните за сметки за комунални услуги, струја, кабловска телевизија, мобилни и фиксни телефони истекуваат во рок од една година.
-
Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио
Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата.
-
Колку плата заслужувате во 2023 година?
Како да одговорите на прашањето „Колкава плата очекувате?
-
Заглавени патници, нервоза, неизвесност – првин се одложуваат, а потоа и се откажуваат летовите до Македонија
Стотици заглавени патници, неизвесност, потрага по алтернативи. Вака им изгледаат патувањата изминативе денови на низа граѓани кои требаше да се вратат во Македонија, но и на туристи што планираат да ја посетат Македонија.
-
Воведувањето на еврото во Хрватска доведе до низа поскапувања
Првиот работен ден по воведувањето на еврото во Хрватска, има низа поскапувања, јавуваат хрватските медиуми.
-
Плати до 8.000 евра: 5 најбарани професии во 2023 година!
Веројатно не ве изненадува фактот што работниците во ИТ секторот ќе бидат многу барани и во 2023 година. Сепак, се проценува дека работодавачите ќе бараат и продавачи, инженери и занаетчии. Работа ќе има за граѓани од сите степени на образование, а платите ќе варираат - од минимални до неколку илјади евра.
-
Новогодишна „честитка“ до Твитер: Го тужат поради неверојатна причина
Против Твитер е поднесена тужба бидејќи компанијата не платила кирија од 136.250 долари за својот деловен простор во Сан Франциско.
-
Авионите од Скопскиот аеродром полетуваат без проблем
Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување.
-
ВНИМАТЕЛНО: Магла на повеќе патни правци во државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а поради магла намалена видливост има на повеќе патни правци.