Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Австралија ќе забрани децата под 16 години да користат социјални мрежи
Австралиската влада најави воведување на закон со кој на децата помлади од 16 години ќе им се забрани користење на социјалните мрежи, пишува BBC.
-
СЕ БЛИЖАТ СЛАВИ, ГРАЃАНИТЕ НАРАЧУВААТ ПЕЧЕНИ ПРАСИЊА: Koлку пари треба да одвојат за овој деликатес?
Се ближат слави, а граѓаните по тој повод нарачуваат и печени прасиња. Цената варира зависно од големината, но за да го имате овој деликатес на трпезата, потребно е да одвоите најмалку 5.000 денари. Граѓаните консумираат печено прасе и за Нова година, но и за големите христијански празници Божиќ и Велигден.
-
Последен повик за учество во истражувањето и освојување на наградата „Најдобар работодавач“ за 2024 година
Последен повик за пријава и учество
-
„Тепачка“ за ваучери за инвертер климите, редици граѓани чекаат пред „Борис Трајковски“
Голем број граѓани утрово чекаат пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје да си ги земат ваучерите за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика
-
Листа на најпотценети европски дестинации: На неа се и некои од регионот
Магазинот Time Out направи листа на најпотценети дестинации во Европа за 2025 година.
-
Скопје повторно во топ 10 најзагадени градови во Светот – во Европа сме втори
Со првиот пад на температурите, Скопје повторно се најде на листата на 10 најзагадени градови во светот. Главниот македонски град во моментов се искачи на шестото место според загаденост на листата на платформата „IQAir” на поголеми градови во светот – со индекс на загаденост од 165. Први на листата се Делхи во Индија и Лахор во Пакистан.
-
Какви се резултатите од тестирањето на четиридневната работна недела во Германија?
Претходно годинава околу 45 германски компании започнаа проект за 4-дневна работна недела за да откријат дали ваквата фундаментална промена во начинот на кој работиме може да даде позитивни резултати за работодавците и за вработените.
-
Тргувате со криптовалути во Македонија? Ова треба да го знаете!
Трговијата со криптовалути во Македонија е сè поактуелна тема меѓу младите инвеститори кои ги привлекува можноста за брзи и високи добивки, но и зголемениот интерес за дигитални финансиски технологии.
-
Факултетот е важен, ама не е баш сѐ во животот – како се снаоѓаат Македонците без високо образование?
Во македонското општество постои вкоренето мислење дека високото образование е клучот за професионален успех и сигурна работа.
-
Австралија: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за помлади од 16 години
Австралискиот премиер Ентони Албанес изјави дека неговата влада ќе донесе законска забрана за социјалните мрежи за деца под 16 години, што е прв таков предлог во светот.