Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Ова Мексиканка стана првата адвокатка со Даунов синдром во светот
Ана Викторија Еспино Де Сантиаго (25), неодамна го оствари својот најголем сон, дипломирајќи право на универзитетот „Benemerita Universidad Autonoma de Zacatecas“ во Мексико и така стана првата адвокатка со Даунов синдром во светот, пишува магазинот „Social Diary“.
-
Нема веќе течности во рачен багаж – Од септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ
Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт.
-
ВНИМАВАЈТЕ: Со лажна бесплатна „Скопска“ ловат лични податоци на граѓани
Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, велат во ЈСП.
-
Цените на становите не се реални – кога ќе се стабилизираат?
Во последните месеци, пазарот на недвижности во нашата земја се соочува со значителни промени. Цените на становите продолжуваат да растат, што многумина го сметаат за резултат на диспропорцијата помеѓу побарувачката и понудата.
-
Патник пушел во авион на лет од Милано за Скопје
Патник на летот Милано-Скопје на авиокомпанијата „Визер“ пушел цигара во авионот, 30-тина минути пред слетувањето на скопскиот аеродром.
-
Од следната година македонските државјани ќе плаќаат такса од 7 евра за влез во земјите на ЕУ
Седум евра ќе биде таксата што македонските државјани ќе мора да ја плаќаат за да можат да влезат во некоја од земјите на Европската унија кои се дел од Шенген зоната. Оваа мерка ќе почне да се спроведува од 7 мај идната година и ќе важи и за државјаните на Србија, БИХ, Црна Гора, Молдавија, Украина и од Велика Британија.
-
Учебници на 1 септември ќе има – освен за странски јазици
Освен учебниците за странски јазици, по сите други предмети учебници ќе има во училиштата на почетокот на учебната година, повтори денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Неколку германски градови сакаат да ја забранат Ер-би-ен-би на својата територија
Популарната платформа за изнајмување туристички станови, Ер-би-ен-би (Airbnb) падна во немилост на некои германски градови.
-
Се укинува втората смена во повеќето училишта
Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со дел од училиштата се уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Народот се повеќе зема кредит за да си купи автомобил, а помалку бара кредитни картички
Растот на депозитите е предизвикан од растот на штедењето на домаќинствата, додека зголемувањето на кредитирањето го прави зголемената побарувачка на кредити од домаќинствата и од компаниите.