Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Мајсторите исчезнуваат – земјава е во сериозна криза
Македонија е на работ на сериозна криза во снабдувањето со квалификувана работна сила, со особено тешки последици за градежништвото и занаетчиството.
-
Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема
Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).
-
Преговарање за плата: Мажите бараат повеќе, жените се попретпазливи
Неодамна спроведеното меѓународно истражување за преговорите за плати, открива интересни согледувања од над 24.000 учесници од девет земји (Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија, Латвија).
-
Реченица која никогаш не смеете да ја „гуглате“, доколку не сакате да западнете во сериозни неволји!
Пребарувањето „Дали бенгалските мачки се легални во Австралија“ (Are Bengal Cats legal in Australia) на Гугл може да има сериозни последици за корисникот, велат експертите за сајбер безбедност.
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
-
Работа во странство – колку навистина заработуваат Македонците на привремена работа надвор од земјата?
Во последните години, сè повеќе Македонци се решаваат да заминат на привремена работа во странство, мотивирани од надежта за подобра заработка и повисок животен стандард.
-
Биткоинот руши рекорди – Ќе оди ли до 100.000 долари?
Најголемата светска криптовалута постигна рекордни височини во средата, со вредност од 93.158 долари – пораст од 32% по изборите во САД на 5 ноември. Растот е поддржан од победата на Доналд Трамп, кој во својата кампања вети дека САД ќе станат глобален центар за криптовалути и дека ќе се инвестира во национални резерви на биткоин.
-
Grand Casino Admiral ве очекува и овој четврток на Ladies Night
Дали сте подготвени за вечер на забава, возбуда и добивки? И овој четврток во 20 часот, Grand Casino Admiral во хотел Лимак приредува ексклузивна забава за сите дами. За добредојде, секоја гостинка ќе добие промотивен тикет во вредност од 10 евра!
-
Нудат плата од 1.600 евра, но не можат да најдат работник: Tешко до работна сила и на најатрактивната локација
Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.
-
Секој денар се вложува во недвижнини, цените полудеа а становите одат како алва
И покрај високите цени, интересот за купување станови не се намалува. Од агенциите за недвижнини велат дека купувањето недвижности е тренд не само во Скопје туку и во регионот. Цената на квадратот се движи од 1.800 до 2.500 евра во Скопје, од 4.000 до 5.000 евра во Србија, од 3.000 до 4.000 евра во Црна Гора.