Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Печалбарите разочарани: Во Хрватска ѕидарите во просек земаат 1.094 евра, келнерите 934, чистачките 749, а докторите 1.952 евра
Многумина кои отишле на печалба во Хрватска велат дека се вратиле, зашто кога пресметале колку ќе им легне на сметка, а колку ќе платат за стан и храна, сфатиле дека подобро им е да си најдат работа дома.
-
Дури сега ќе ни летнат младите за Германија – ваквата шанса за работа и за шетање не се пропушта
Германија, во потрага по подобрување на културната размена и отворање на вратите за младите таленти, неодамна воведе иновативна програма за странски студенти.
-
Казни од 100 до 3.000 евра за „пешкир резервација“ на плажите во Црна Гора, Хрватска, Шпанија
Во Црна Гора за оставање предмети на плажа без надзор за да се зачува место на песокот, туристите плаќаат казна 100 евра, а за фирмите кои ги окупираат плажите казната е 7.000 евра. Туристите во Хрватска ги чекаат казни од 100 до 200 евра во зависност од локацијата, додека Шпанците одат подалеку, па казнуваат со 300 до 3.000 евра
-
Земји каде што луѓето најмалку работат, најмногу уживаат и живеат најдолго
Сите сонуваме за земја во која ќе работиме помалку, ќе заработуваме повеќе и ќе живееме подолго. Можеби вакво место изгледа како земја на соништата, но официјалната статистика вели дека постои.
-
Кој пее зло не мисли, ама скапо чини – поскапуваат свадбарските музички бендови
Во последните месеци, трендот на зголемување на цените за најмување на свадбарски музички бендови станува сè поизразен, што предизвикува загриженост кај идните младоженци.
-
Го користите истото шише за вода повеќе пати? Еве зошто не е здраво тоа да го правите
Пластичните шишиња се дизајнирани за еднократна употреба, а повторната употреба може да доведе до...
-
Ручањето во ресторан веќе губи секаква смисла – има ново поскапување!
Со последното зголемување на цените во угостителскиот сектор, одењето во ресторан станува сè повеќе привилегија наместо секојдневна опција.
-
НА ПАЗАРИТЕ ИМА И ЏИНОВСКИ ЛУБЕНИЦИ: Што најчесто бираат граѓаните?
На пазарите има и големи лубеници кои тежат и по 20 килограми, но земјоделците и трговците велат дека купувачите обично бираат помали лубеници, поради цената, за да им испадне поевтино, а освен тоа помалите се полесни за носење и воедно купувачите сакаат да ја консумираат истиот ден додека е свежа, односно да не им заостанува и да изгуби на квалитет.
-
Македонија има најбрз интернет во регионот
Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“.
-
Цената за изнајмување на скутерите BinBin се зголеми на 10 денари за минута
Турската компанија за изнајмување електрични скутери БинБин деновиве ја зголеми цената за изнајмување во Скопје на 10 денари за минута. Станува збор за минимално зголемување за 1 денар, од последните 9 денари за минута. Промената доаѓа околу една година и неколку месеци откако компанијата ја лансираше својата услуга во Скопје.