Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила
Отпадните (хаварисани) возила ќе бидат мапирани и за нив ќе се води база на податоци. За веќе мапираните отпадни возила ќе се доставува изестување до МВР за добивање информации за сопственост на отпадното возило.
-
Го живееме можеби највлијателниот датум во целата година: 11 ноември има посебно значење за сите нас – еве и зошто
Денес е 11 ноември, датум кој има исклучителна нумеролошка важност и се верува дека е ден на среќа и нови почетоци. Благодарение на моќната нумерологија, 11.11. се смета за еден од најсреќните денови во годината.
-
Корисни препораки кога воздухот е многу загаден
Кога воздухот е многу загаден, како што е случајот деновиве во повеќето градови во Македонија, треба да се следат препораките на експертите.
-
Втор извор на приходи – како Македонците се снаоѓаат со дополнителна работа?
Во време на економска неизвесност и инфлација која го зголемува животниот трошок, Македонците сѐ почесто се одлучуваат да побараат дополнителен извор на приходи.
-
ЕУ Директива за транспарентност на платите: Како да започнете, да ги надминете пречките и да учите од искуствата
Во денешниот свет, каде што еднаквоста е клучна тема, ЕУ регулативата за транспарентност на платите станува сè поважна. Овие нови правила не само што имаат цел да ги намалат разликите во платите меѓу мажите и жените, туку и да ги овластат вработените подобро да ги разберат своите права за фер компензација. Додека организациите се соочуваат со предизвици во имплементацијата на оваа регулатива, се отвораат врати за промени што можат да ја обликуваат иднината на работното место.
-
Од утре поскап бензин, цената на дизелот не се менува
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот.
-
Преку порталот „е-услуги“ вадење имотни листови за неколку секунди
Граѓаните од денеска за неколку секунди до максимум минута или две ќе може да вадат имотни листови преку новиот портал „е-услуги“ на Агенцијата за катастар на недвижности.
-
На колку години детето може да оди само на училиште?
Кога детето ќе тргне само на училиште, е индивидуално и варира од дете до дете. Постојат неколку фактори кои играат клучна улога. Пред сè – возраста. Не е исто да се пушти разиграно седумгодишно дете кое не може да го следи сообраќајот и десетгодишно дете само на училиште.
-
РАСТАТ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ: Еве колку ќе имаат пензионерите на сметките следната година
Зголемувањето може да ја подобри финансиската состојба за околу 21 милион германски пензионери, кои се соочуваат со неизвесности предизвикани од политичките превирања и економските промени.
-
И МАКЕДОНЦИТЕ ПРАКТИКУВААТ ДА БИДАТ СОЛО ПАТНИЦИ: Сепак, има еден фактор што малку ги поматува нивните планови
Дел од македонските граѓани кои се љубители на патувањата, немаат проблем сами да заминат во странство. Од туристичките агенции велат дека има луѓе кои сами заминуваат на одмор. Сепак, oние кои сакаат да патуваат сами, ќе треба да платат поскапо за сместувањето. Од агенциите додаваат дека има млади, но и повозрасни луѓе кои сами тргнуваат на патување. Ако решиле да патуваат, а немаат со кого, или пак не сакаат да зависат од друг, одат и сами.