Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Важна вест за сите кои планираат да одат на Водно викендов
Министерството за внатрешни работи информира дека викендов ќе биде затворен...
-
Нов сообраќаен режим за побрз проток на сообраќајот пред Сити мол
Во недела (09.12.2018), започнува да функционира новото сообраќајно решение за потегот околу Карпош 4. Станува збор за новопоставената хоризонтална и вертикална сигнализација која ќе овозможи поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.
-
TOW#467 - Менување на животната метафора
„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
-
Министерство за труд и социјална политика објави оглас за ангажирање 30 воспитувачи/ки
На огласот којшто ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на раното учење и развој во градинките, а ги исполнуваат условите.
-
Македонските возачки да важат и во Шведска
Во последниве 10 години расте бројот на граѓани кои се преселуваат од Македонија во Шведска за да најдат подобра работа
-
МАЖИТЕ или ЖЕНИТЕ: Еве кој троши повеќе време на Facebook
Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 % опфат на домаќинствата во првото триемесече од 2018 година, спрема 73,6 % во истиот период минатата година, а кај нас 79,2 % од популацијата на возраст 15-74 години употребило интернет или околу 1,3 милиони жители. Од тоа машкиот пол повеќе (80,9%) од женскиот (77,4%). 97,5 од младите на возраст 15-24 години употребиле инетрнет, а најмалку употребувале интернет во страосната група 55-74 години (46,7%) во изминатите 12 месеци.
-
Нека не ве лаже сонцето - временска најава за деновиве
Сончево со мала облачност поголема во западните делови. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Ова е временската прогноза за денеска и утре.
-
Казните се ригорозни: Пријавете ако работодавецот бара да му го вратите К15
Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.665 денари.
-
Внимавајте: Доколку ги забележите овие промени на ноктите, веднаш посетете доктор
Здравите нокти се мазни и имаат конзистентна боја. Со возраста тие можат да станат кршливи или да се развијат вертикални неправилности на самиот нокт. Станува збор за безопасни промени, но постојат одредени медицински состојби кои истотака можат да го променат изгледот на ноктот. Поради тоа, добро е постојано да се следи нивниот изглед и состојба.
-
Дупла дневница за работа во сабота
Согласно Законот за празници сабота 08. декември, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија