Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Една европска земја издава казни до 200 евра ако возите во зимска јакна! Дали знаете зошто?
Зимската облека ги ограничува движењата на возачот зад воланот. Покрај тоа, тестовите покажаа дека зимската јакна може да го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас.
-
Футуристичка алтернатива на централно греење: Некои од најстарите куќи во Европа се загреваат со помош на електрични тапети
Невообичаена, малку футуристичка алтернатива на централното греење со гас се тестира во вкупно дванаесет станбени згради во Глазгов. Т.н електрични тапети кои можат брзо и лесно да се закачат на таванот и да го загреат просторот со ослободување на инфрацрвени бранови. Ова го избегнува согорувањето на фосилните горива.
-
Скопје прв најзагаден град во Европа
Скопјани и денеска се разбудија во смог.
-
Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).
-
Службените возила ќе добијат таблички во боја за повеќе да не се злоупотребуваат
Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорт на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски. Покрај ова, директорот на СОЗР, Ивица Томовски, најави дека ќе се воведат и телефонски линии на кои граѓаните ќе може да пријават злоупотреба, по кои потоа ќе се постапува.
-
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во пладневните часови
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од утрото со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата – ќе бидат пообилни во западните и во северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта.
-
Софтверска компанија му понуди работа на седумгодишно момче
Руската софтверска компанија Pro32 покани седумгодишен програмер да му се придружи на нејзиниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, пишува британски „Би-Би-Си“.
-
Светски ден на тоалетот: Историјата на местото каде што и царот оди пешки!
Велат дека дури и царот оди таму пеш. Но, царевите долго време вршеле нужда на престолот. На Светскиот ден на тоалетот, се сеќаваме на историјата на еден од најголемите пронајдоци во историјата – кој сè уште не е достапен за милијарди луѓе денес.
-
Заборавете на CV: Младите го менуваат начинот на кој аплицираат за работа
Иако овој пристап наиде на различни реакции од јавноста, експертот за кариери Гај Торнтон верува дека апликациите на TikTok се „одличен начин да се истакнете“ на денешниот конкурентен пазар на труд, пренесува Indy100.
-
УЈП: Поднесете ги ДДВ–04 пријавите навреме, избегнете стрес и дополнителни трошоци
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период.