Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Кромберг & Шуберт: Најубавата глетка на светот е насмеано дете, а најскапоцениот звук што може да се слушне е детската смеа
На 28.09.2024 година компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организираше уникатен настан - „Детски Крошу Фестивал”, во склоп на фабриката, само за децата на своите вработени.
-
Од денес пензиите повисоки за 2500 денари
Пензионерите во Македонија од денес добиваат зголемување на пензиите за 2500 денари. Според измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери, кои имаат стекнато право на пензиско осигурување до 31 август, се вклучени во линеарното зголемување на пензиите, соопшти МТСП.
-
За десет години, бројот на студенти намален за 7.000, секој петти сака да биде лекар
За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 отсто повеќе студенти.
-
ПРЕД 40 ГОДИНИ СМЕ ИМАЛЕ 32 ФАКУЛТЕТИ, а сега 131 и многу повеќе студенти
Во далечната академска 1976/1977 година имало 34.891 студент (на било која студиска година) на 19 факултети.
-
ТРОШОЦИТЕ ЗА ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ СЕ ОГРОМНИ: Како сезонските болести го оптоваруваат семејниот буџет?
Здравјето, особено во студените месеци, може да биде скапа инвестиција.
-
Кои се највисоко, а кои најниско платените занимања во Германија?
Ако сакате добро да заработите во Германија, најдобро е да станете лекар, бидејќи оваа професија покрај углед носи и одлична заработка.
-
Највисоката планина во светот СÈ УШТЕ РАСТЕ, до два милиметри годишно
Монт Еверест е највисоката планина во светот со 8.848 метри, но таа продолжува да расте и секоја година станува се повисоко, тврдат кинеските научници од Универзитетот за геонауки во Пекинг, кои објавија најнова студија за овој аномален раст на планината во списанието Nature Geoscience.
-
ВО РЕДИЦИ СЕ ЧЕКА ПРЕД БАНКИТЕ: Пензионерите уште рано утринава заминаа да ги подигнат покачените пензии
Уште од рано утринава пред банките има поголема гужва, а причина за тоа се пензионерите кои заминаа да ги подигнат покачените пензии.
-
Доаѓаат на родителски состаноци со адвокати, поради оценки се спремни да одат на суд: Во српските училишта зафати нов тренд, родителите шокирани
За овој бизарен тренд се отвори и полемика на социјалната мрежа Х.
-
Цените на огревот го разгоруваат семејниот буџет
Сезоната на греење е пред нас, а граѓаните кои користат огревно дрво се соочуваат со значително зголемени трошоци.