Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Хигиената ставена на чекање – хигиеничарка во Скопје само преку врски!
Жителите на Скопје се соочуваат со големи предизвици во одржувањето на чистотата во своите домови. Ситуацијата стана критична, особено кога станува збор за ангажирање на хигиеничарки и куќни помошнички.
-
Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени
Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар објавени денеска.
-
Македонците плаќаат најевтини горива во регионот
Бензинот и дизелот најевтини во Македонија!
-
Работниците работат онолку колку што се платени – колку пари, толку музика!
Нашите работници работат онолку колку што се платени. Газдите постојано потенцираат дека ќе се зголемат платите ако покажат работниците поголема ефикасност во работата, но синдикатите сметаат дека прво треба да се зголемат платите, а потоа да се бара поголема продуктивност.
-
МЕТА АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?
Додека дел од студентите на УКИМ изразуваат незадоволство и загриженост поради зголемените трошоци, Мета.мк направи поширока споредба на тоа колкави давачки имаат студентите на шесте државни универзитети во Северна Македонија
-
Шведска е првата земја што дава платено родителско отсуство на бабите и дедовците
Родителите во Шведска сега можат да ги префрлат деновите за платено родителско отсуство на луѓе кои не се законски старатели, вклучувајќи ги бабите и дедовците и пријателите. Шведска беше првата земја што воведе платено родителско отсуство и за татковците во 1974 година. Денес татковците земаат околу 30% од платеното родителско отсуство, според Шведската агенција за социјално осигурување. Сега, 50 години подоцна, на бабите и на дедовците во Шведска може да им се плати да се грижат за нивните внуци.
-
Кои европски земји имаат најобразовано население?
Кога станува збор за натпреварување за најдобри работни места и ресурси, образованието отсекогаш било клучен фактор за нашиот успех. Возрасната популација во Европа со високо образование значително варира низ континентот, според достапните податоци.
-
Каде е најскапо, а каде најевтино да наполните електричен автомобил во Европа?
EuroNews Business прави метафорично возење низ Европа за да ги идентификува земјите со најниските и највисоките цени за полнење на јавните електрични возила. Податоците од Европската опсерваторија за алтернативни горива (EAFO) откриваат дека Исланд и Португалија се меѓу најевтините места во Европа за полнење на електрично возило кога се далеку од дома, додека Норвешка и Словенија се најскапите.
-
Поевтинуваат дел од горивата – РКЕ ги објави новите цени
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
-
ПЛАТЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО: Грејната сезона почнува на 15 октомври, РКЕ со важно соопштение
Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот.