Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Македонија под ладен циклон, не чекаат обилни дождови, снег и снежна покривка!
Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни, прогнозираат метеоролозите.
-
Жените во Македонија и во 21 век имаат ограничен пристап до семејно наследство
Жените кај нас и во 21 век имаат ограничен пристап до семејното наследство и го носат товарот на традицијата и обичаите, велат од битолската Организација на жени.
-
Се зголемува бројот на предвремено родени бебиња
Се зголемува бројот на предвремено родени бебиња. За разлика од лани кога имаше 604 предвремени породувања, годинава оваа бројка е зголемена на 681. Меѓу причините кои доведуваат до предвремено породување се загадениот воздух и возраста на мајките над 35 години.
-
По 2.000 години, во Колосеумот повторно ќе се одржуваат борби на гладијатори
За прв пат по две илјади години античкиот римски Колосеум ќе биде домаќин на борби на гладијатори – иако исценирани – благодарение на спонзорскиот договор од 1,5 милиони долари со Airbnb, чија цел е да промовира „поодговорен туризам“.
-
Откриено кои се „најдебелите“ земји во светот: Еве каква е ситуацијата со Македонија
Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата.
-
Денес посебен режим на сообраќај поради ноќната меѓународна атлетска трка
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
-
Доларот продолжи да расте: Вредноста се зголемува втора недела по ред
Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки.
-
Цената на маслиновото масло ќе се преполови?
Шпанскиот Деолео, најголемиот светски производител на маслиново масло, вели дека се чини дека се ближи крајот на еден од најпредизвикувачките времиња во историјата на индустријата, при што цените на „течното злато“ се очекува да се преполови од највисокото ниво во наредните месеци
-
Бунт во италијанско гратче – не дозволуваат елката стара 200 години да се пресече и однесе во Ватикан
Жителите на едно гратче во близина на италијанското езеро Гарда одржаа протест против сечењето на новогодишна елка, која требало да биде однесена во Ватикан. Елката висока 29 метри треба да се исече и да се пренесе на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
-
Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.