Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Дали алуминиумската фолија е штетна по здравјето?
Дома често користиме алуминиумска фолија, но дали таа е опасна по здравјето?
-
Најсреќната дестинација во светот е и најевтина за патување
Британски The Post Office веќе 16 години по ред составува листа на европски градови кои нудат најдобра вредност за парите.
-
Глобалното затоплување наскоро ќе го надмине прагот на клучната граница: Какви последици ќе има тоа?
На веќе прегреаната Земја се очекува за првпат да биде пробиена клучната температурна граница во следните неколку години, предвидуваат научниците.
-
Кафуле продава шолја кафе за 920 евра, eве што го прави посебно
КОЈ НЕ САКА да пие шолја добро кафе? За многумина тоа е омилен ритуал на денот, но за некои пиењето кафе за кое треба да издвоите 920 евра е задоволство кое вреди тие пари.
-
Дегустатор на кралската храна и озборувач: 4 неверојатно морничави професии од минатото, денес непотребни и чудни!
Професиите од минатото во денешно време се незамисливи и ужасно чудни, додека во тоа време ги извршувале пониските слоеви од општеството. И покрај тоа што на прв поглед изгледале лесни, овие работни позиции биле многу опасни.
-
Нервоза во најава: „YouTube“ воведува реклами од 30 секунди што не може да се прекинат
Подгответе се за нова рунда фрустрации бидејќи на екраните пристигнуваат полуминутни реклами кои нема да можат да бидат прекинати.
-
Откриена планета во соседството слична на Земјата: Полна е со вулкани, а можно е да има и вода
Големо прашање во астробиологијата, поле кое нашироко го проучува потеклото на животот на Земјата и пошироко, е дали тектонската или вулканската активност е неопходна за животот
-
Пензионер го казниле со 900 евра затоа што самиот поправил дупка на улица
Пензионер е казнет со 822 евра затоа што самиот поправил и ја санирал дупата на асфалтот пред неговата куќа.
-
Радикален метод за одвикнување од пушење-дали би го пробале?
Свесни сте дека пушењето е штетно за вас и дека тоа е навика која во одреден момент ќе мора да ја исфрлите од вашиот живот.
-
Анџелина Џоли има нова професија
Анџелина Џоли реши да тргне во претприемачките води.