Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Приватен остров, батлер за спиење… Момче кое работи за елитата откри бизарни барања
Хејс Томас обезбедува различни услуги за ВИП клиентите, од резервација на приватни авиони до организирање забави, а за Индепендент откри некои од најбизарните барања што тие му ги упатиле.
-
Клучни фактори за развој на бизнисот
Иако секоја приказна е единствена, постојат некои универзални закони кои можат да му помогнат на секој да го развие својот мал бизнис во вистинската насока. Кој е клучот за успехот? Кога започнувате бизнис, имајте ги на ум овие шест работи.
-
Земајте ги додека сè уште ги има, наскоро ќе чинат премногу или воопшто ќе ги нема
Дознајте кои 5 намирници најверојатно нема да постојат во иднина, а еве и зошто.
-
Објавена листата на најдобри пици на светот – дали се согласувате за „победничката“?
„Taste Atlas“ објави листа на 50 најдобро оценети видови на пица, а на прво место е маргарита.
-
Зошто меѓународната кратенка и ознака за Швајцарија е CH?
Швајцарија е земја која е позната по прекрасните алпски пејзажи, светски познатата банкарска индустрија и вкусните чоколади. Сепак, еден од помалку познатите факти за Швајцарија е нејзината кратенка со две букви, CH.
-
Навики на луѓето за кои се „лепат пари“
Има неколку идеи кои може да послужат како основа за стекнување добри навики за менаџирање на парите. Со развивање на овие навики сте на пат да станете побогати.
-
Објавена листа на најдобри видови пици: На 1. место едноставната маргерита
Taste Atlas објави листа на 50 најдобро оценети видови пица, а на прво место е маргеритата.
-
„Pepsi“ има ново лого кое неодоливо потсетува на она од 90-тите: Ви се допаѓа ли?
„Pepsi“ го претстави своето ново лого. Кога ги прашале луѓето по сеќавање да го нацртаат логото на „Pepsi“, многумина се присетиле на кругот со црвени, бели и сини бои кој е симбол на брендот.
-
Кои се најплатени работни места во осигурувањето?
Прочитајте ги најплатените работни места во осигурувањето подолу...
-
Наместо лежечки полицајци: Новиот систем во Ванкувер често ги збунува возачите
Локалната новинарка Џил Бенет неодамна на „Twitter“ се пожалила дека бариерите резултираат со чести несреќи.