Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ова е најскапиот град во Германија – да живеете таму е вистински луксуз
Животот во Минхен е скап. Новото истражување сега покажува дека нигде на друго место во Германија изнајмување на соба во заеднички стан не е толку скапо како во главниот град на Баварија.
-
Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците
Луѓето кои тешко стануваат од кревет наутро се попаметни, покреативни и посреќни од луѓето кои се ранобудни.
-
Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?
Тешки времиња, уште потешки избори.
-
Гастарбајтерката Нина работи како заварувач во Германија – откри од што е најзадоволна таму
Граѓаните на Балканот секојдневно слушаат за животот во странство од различни страни, особено во Германија, која е на врвот на листата на земји каде што одат нашинците.
-
Еве колку би заработиле сега да сте вложеле 1.000 долри во Кока Кола во исто време како и Ворен Бафет
Со децении, гигантот за пијалоци Coca-Cola е главниот холдинг во портфолиото на Berkshire Hathaway, компанијата управувана од познатиот инвеститор Ворен Бафет.
-
Пилот открива кои работи не треба да се прават во авион
Пилот со десетгодишно искуство летање со комерцијални патнички авиони, за „Дејли Мејл“, даде неколку совети кон кои патниците треба да се придржуваат за ако сакаат да имаат побезбеден и поудобен лет, особено во случај на турбуленција.
-
Индустријата „вработува“ милион роботи
Најновите податоци покажуваат дека има дури еден милион роботи кои работат во фабриките ширум светот, што е една третина од сите роботи ангажирани во индустријата, покажуваат податоците на Меѓународната федерација за роботика (IFR).
-
Еве каде може да поминете најевтино за летниот одмор на море!
Постојат неколку дестинации на плажа во Европа кои можете да ги земете во предвид за буџетски одмор. Некои опции се:
-
Нетфликс ја објави листата на најгледаните филмови и серии досега
Популарната платформа за стриминг Нетфликс објави листа на најгледани филмови и серии досега.
-
Новиот извршен директор на Старбакс ќе работи како бариста еднаш месечно
Лаксман Нарасимхан, роден во Индија, ја презеде функцијата нов извршен директор на светскиот гигант за кафе Старбакс. Позицијата ја наследил од основачот на компанијата Хауард Шулц.