Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Баба со деменција со тестаментот го шокирала семејството, еве на кого му оставила 3 милиони евра
Тестаментот на една баба со деменција од Австрија го шокирал нејзиното семејство откако било откриено дека бабата го оставила целото свое богатство во вредност од 3 милиони евра на водоинсталатер.
-
Познатото чоколадо го менува својот препознатлив дизајн
Познатото чоколадо „Toblerone“, познато по својот уникатен дизајн, повеќе не смее да го прикажува планинскиот ланец Матерхорн на својата амбалажа.
-
Слики од познати македонски сликари вредни илјадници евра се продавале на аукција во Австралија со почетна цена од 60-тина евра
Пет дела на некои од најпознатите македонски сликари, вчера биле огласени на продажба преку аукција во Австралија, со почетни цени од само 60 до 100 евра.
-
НОСОТ СТАНУВА ПОГОЛЕМ, УШИТЕ ПОДОЛГИ: Вака се менува нашето тело по 50-тата година
Експертите тврдат дека секој има своја календарска и биолошка возраст, и дека жените, доколку се хранат здраво, вежбаат, имаат нормална телесна тежина, не пушат и пијат алкохол умерено, можат да живеат и до 10 г. подолго. Сепак, огледалото не лаже, колку промените да ни изгледаат помалку очигледни во однос на периодот од пред една деценија или повеќе, тие сепак се забележливи.
-
Ворен Бафет е петти најбогат човек на светот: Сè уште живее во куќата што ја купил пред 65 години
Куќата на Ворен Бафет (92), кој е извршен директор на конгломератот Беркшир Хатавеј, се наоѓа во Омаха, град во американската сојузна држава Небраска.
-
Од 5 до 30 години: 10 намирници со најдолг рок на траење
Постојат намирници кои можат да траат многу долго, а на некои од нив никогаш не им истекува рокот. Затоа, тие се идеални за долгорочно чување, а нутриционистката Наташа Ѓукиќ открива дури 10 од нив:
-
Грешка што многумина ја прават: Зошто не треба да ги сушите алиштата на радијатор
Иако сушењето алишта на радијатори во зима е востановена практика насекаде во светот, вклучително и кај нас, новото истражување покажа дека има некои негативни аспекти, од две причини.
-
Барате нова работа? Неколку совети како да напишете CV што ќе ве издвои од другите
Пишувањето добро, балансирано, информативно CV кое ќе отскокне од низата испратени работни биографии, е мајсторија сама по себе.
-
Почнете да штедите за летување: Намалете ги нарачките, оброците за на работа подготвувајте ги ден претходно
Никогаш не е рано да размислувате за летен одмор. Но, заедно со сонот за одење на одмор, доаѓа и размислувањето за финансиите. Со оглед на тоа дека има уште неколку месеци до летниот одмор, време е да заштедиме за летниот одмор.
-
Објавена листа на најдобрите и најлоши возачи на светот, еве кој е на првото место
Експертите за осигурување на автомобили „Compare the Market“ објавија листа на земји од кои доаѓаат најдобрите и најлоши возачи.