Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто се будиме 5 минути пред будилникот: Науката има објаснување, а причината ќе ве изненади
Додека многу луѓе го одложуваат алармот бидејќи им е тешко да станат наутро, има и такви кои се будат непосредно пред алармот да се вклучи. Ако припаѓате на оваа група, ќе ве изненади научното објаснување зошто тоа се случува.
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
Имено, соседите на брачната двојка не знаеле поим дека тие „неколкукратно“ се венчале. Сведоците од околината посочиле дека двојката имала „примерен брак“ и заедно се со децении.
-
Последната дива река во Европа, која се наоѓа во нашето соседство го освојува срцето на љубителите на недопрената природа
Со должина од 272 километри, Вјоса извира од грчките планини Пинд и се влива во Јадранот, минувајќи низ тесни клисури и живописни долини. Нејзините сино-зелени води се дом на над 1.100 видови животни, меѓу кои и загрозената европска јагула.
-
Како боите на облеката го подобруваат расположението?
Носењето на облека и модни детали во специфична боја за да се чувствувате подобро е дел од трендот на „допаминско облекување“ или користење на облеката за подобрување на расположението.
-
Поради лошиот јавен превоз, во Куба со закон е задолжително земањето автостопери
Благодарение на посебен закон, државните возила имаат обврска да запираат и да примаат автостопери, додека приватните возачи често земаат патници, понекогаш и за мала надокнада. Ова правило важи на сите типови патишта, па автостоперите може да се сретнат по локалните улици, патишта, па дури и автопати.
-
Заспијте во Холандија, а разбудете се во Белгија: Во овој уникатен град, границата поминува низ куќите
Градот Барле во Европа е уникатен и различен од сите други градови во светот поради неговата необична позиција. Може да се случи, доколку некој објект има два влеза, да влезете од Холандија, а да излезете во Белгија. Или, да седите удобно во вашата фотелја, а телевизорот што го гледате да се наоѓа преку граница.
-
Цукерберг: „Телефоните исчезнуваат, доаѓа нешто ново“
Марк Цукерберг, извршен директор на Мета, тврди дека мобилните телефони ќе бидат заменети со нов производ. „Ќе биде како што се случи со компјутерите“, рече тој.
-
Италијанскиот град кој секоја зима се трансформира во голема друштвена игра
„Зого дел'Ока“ е традиционален настан во Мирано, Италија, кој се одржува секој ноември. Градот се украсува со постери на гуски, а кафаните служат колбаси и равиоли од гуска. На главниот плоштад се организира друштвена игра која привлекува многу посетители.
-
Ова се најубавите божиќни пазари во Европа
Додека зимата полека ја завива Европа во снег, градовите ширум континентот се трансформираат во дестинации за одмор од бајките. Улиците се осветлени со илјадници шарени светилки, плоштадите се исполнети со опојните мириси на цимет, ванила, костени и варено вино, додека на секој чекор може да се видат прекрасни рачно изработени украси со новогодишни мотиви и традиционални форми.
-
Седум земји ќе градат фабрики за вештачка интелигенција во кои ќе се инвестираат дури 1,5 милијарди евра
Европската комисија соопшти дека заедничкото претпријатие за компјутери со високи перформанси, EuroHPC, одобри седум предлози за основање на првите фабрики за вештачка интелигенција низ Европа.