Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Колкава била платата на еден легионер?
На карпест рид во близина на Мртвото Море во Израел се наоѓа тврдината Масада, а во неа археолозите откриле платен список кој открива детали од животот на познатите римски легионери.
-
Јапонска филозофија која ги препороди работната средина и вработените
Светот на деловниот менаџмент моментално се занимава со идејата за „тивки оставки“, наметнати од генерацијата Z, чии членови не сакаат да придонесат повеќе од минимумот за организациите кои сметаат дека ги искористуваат и во исто време не даваат ништо за возврат.
-
Словенија и Хрватска меѓу петте европски земји со најдобри услови за живот
Словенија со четврто место и Хрватска со петто место се рангирани меѓу петте земји во Европа со најдобри услови за живот, објави сајтот Croatia Week.
-
„Мобилните телефони во иднина ќе ни бидат вградени во кожата“
Мобилните телефони еден ден ќе бидат уреди интегрирани во нашата кожа, а не црни правоаголни плочи на кои се навикнавме, изјави пронаоѓачот на мобилниот телефон, Мартин Купер на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, каде доби награда за животно дело.
-
Дете во Србија ја зело заштедата на родителите и ја поделило на соучениците
Момче во Србија ја украло заштедата на родителите и делело евра во училиштето за да биде популарно.
-
Гест за пофалба: Славниот музичар 16 часа готвел храна за 500 бездомници
Музичарот Дејв Грол поминал 16 часа готвејќи храна за бездомници во Лос Анџелес, пишува „TMZ“.
-
Tesla подготвува електричен автомобил за помалку од 25.000 евра
Електричните автомобили се одамна присутни, а компанијата Tesla полека ги пополнува другите сегменти од понудата, спуштајќи ја цената на новите автомобили на разумни нивоа.
-
Адидас во проблем – Не знае што да направи со илјадници патики
Извесен период, патиките Yeezy лансирани од Adidas и раперот Канје Вест беа едни од најбараните. Но, тоа во меѓувреме се промени, бидејќи раперот го навлече гневот на многу луѓе, поради неговите контроверзни објави на Интернет.
-
Дали сте се запрашале колку е часот на Месечината? Наскоро ќе добие своја временска зона
Вселенските организации размислуваат да и дадат на Месечината своја временска зона, пишува Sky News.
-
Кралското семејство вработува - платите за греота
Богатството на семејството е проценето на 28 милијарди долари а платите кои ги нудат за вработените се проценети како вистински ситнеж. Според наводите, во огласот за работа во овој кралски замок наведени се платите на вработените кои се загрижувачки ниски – една изнесува 30.000 долари на годишно ниво.