Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
ПОМАЛКУ ОД КОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ: Ако ја заработувате оваа сума на пари во Германија, може да се сметате за богати
Многу луѓе се прашуваат колку пари имаат оние кои најмногу заработуваат во Германија? Одговорот е: „Помалку отколку што мислите“. Според студијата, самците се сметаат за богати доколку заработуваат 3.700 евра месечно, пишуваат германските медиуми.
-
Научниците објавија колку најдолго човекот може да живее
Истражувајќи податоци на околу 75.000 Холанѓани чија точна возраст е забележана во моментот на смртта, статистичарите од универзитетите Тилбург и Ерасмус Ротердам ја утврдиле максималната горна граница на животниот век на жените на 115,7 години. Кај мажите таа возраст е нешто пониска - 114,1 година.
-
Жените лидери ја напуштаат Силиконската долина со рекордно темпо: Дали знаат нешто што другите не знаат?
Не само обичните работници ги губат своите работни места, туку пресвртници се случуваат и меѓу лидерите – поточно, меѓу женските лидери.
-
Како да процените кога е време да дадете отказ?
Кога сте незадоволни од работното место, тоа се отсликува на сите аспекти на вашиот живот. Затоа, немојте да се убедувате дека секаде е исто, бидејќи не е.
-
Богатство некаде во фиока: Ако имате некои од овие стари телефони, би можеле добро да заработите
Иако денес влегуваме во свет со сè понапредна технологија, често имаме носталгија за стари телефони. Не само што тие не потсетуваат на минатото, туку некои од нив може да вредат и цело богатство.
-
Еве што Американците најчесто се прашуваат за нас Македонците
Американската компанија CashNetUSA објави интересна мапа на која се прикажани најчестите прашања за европските земји кои ги интересираат Американците.
-
Играта „Тетрис” и нејзината историја си добија филм – трејлерот со, речиси, четири милиони прегледи за четири дена
Дигиталната игра „Тетрис” излезе во 80-тите, стана светски хит, а следните две десетлетија беше и дел од скоро сите мобилни телефони пред појавата на паметните телефони. Сепак, малку луѓе го знаат историјатот на создавањето на оваа игра, па сега за него е снимен и филм, чиј трејлер беше објавен деновиве.
-
Не се украс: Еве зошто служат црните точки на шофершајбната
Веројатно сте ги гледале црните точки на работ на шофершајбната, но не сте знаеле за што служат. Тие не фаќаат сигнали на антени и ја немаат декоративната функција за која некои мислат, и имаат свое име - фрит.
-
Најпаметните не се оние што заработуваат најмногу
Здравата логика нè учи дека да се биде паметен, меѓу другото, е и нешто кое добро се плаќа. Според едно ново истражување во Шведска, тоа е само делумно точно, со оглед на тоа што над одреден праг на заработка - тие пари почнуваат да ги земаат луѓе кои, според личните способности, баш и не ги заслужуваат.
-
Топ 5 инвеститори во Биткоин
Биткоинот е најголемото дигитално средство засновано на блокчејн, со пазарна капитализација од 473,7 милијарди долари заклучно со 19 февруари 2023 година.