Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
10 најплатени тренери во светот: Диего Симеоне убедливо преплатен
Огромна е разликата во плати помеѓу предводникот на Атлетико Мадрид и останатите тренери во светот, покажува истражувањето.
-
Направил грешка од 220 милиони долари и преку неа заработил 5 милијарди долари
Сопственик на компанија за здрави барови направил грешка што го чинела неверојатни 220 милиони долари - но неговиот голем ризик се исплатил бидејќи му заработила 5 милијарди долари.
-
Пет лаги кои се „пожелни“ на интервју за работа
Ана Папала од Филаделфија има 15 години искуство во корпоративно регрутирање и предлага пет работи за кои е дозволено, па дури и пожелно да се лаже.
-
Како најбрзо да ја наполните батеријата на телефонот?
Сигурно ви се има случено да се најдете во ситуација да мора да излезете, а батеријата на телефонот ви е речиси празна.
-
Подгответе се за иднината: Вештини кои ќе бидат најбарани до 2030 година
Каков ќе биде светот во 2030 година? Па, очигледно, никој не знае со сигурност, но Форбс дава неколку интересни предвидувања:
-
Tesla заработува 5 пати повеќе по автомобил од Toyota
Изминатата година не беше најдобра за Tesla, барем во однос на публицитетот – акциите паѓаа, Елон Маск беше предмет на различни написи, вклучувајќи и тужби поврзани со безбедноста или ривалите кои почнаа да испорачуваат сопствени електрични возила.
-
Свети Трифун или Свети Валентин?
Свети Трифун заштитник на лозарите, Свети Валентин ден на љубовта. Секоја година на 14 февруари Македонците имаат дилема кој празник да се слави...
-
БЕЗ ПРИЧИНА: 11.000 пати се јавила на итна помош за една година
Пензионерка од градот Браила, Романија, лани за цела година 11.000 пати се јавила на телефонскиот број за итни случаи 112 – без никаква причина.
-
Без готвач, без келнер, без кеш: Ресторан во Загреб со робот-готвач и гастономска визија од иднината
Сакате ли њоки со јагнешко, црно рижото или тестенини од тиквички? Можете да нарачате било кој од нив во хрватски ресторан каде роботски готвач може да приготвува околу 70 различни оброци во едно тенџере.
-
Имаат проблеми со работната сила, па недостигот на луѓе планираат да го надоместат со роботи
Можеме да очекуваме дека на патиштата ќе се појават се повеќе роботи кои на луѓето ќе им доставуваат производи и намирници.