Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто на шефовите им требаат повеќе интровертни вработени
Да се биде најзборливиот човек во собата може да биде добар начин да го привлечете вниманието на луѓето, но тоа не мора да значи дека ги имате најдобрите идеи.
-
Задгробен живот во Европа: Македонците во топ 10 според верувањето
Истражувањето кое се занимаваше со темата за верување во живот после смртта во Европа, спроведено од World Values Survey, покажа како e рангирана нашата земја кога станува збор за оваа тема.
-
Каде е сега автомобилот што Маск го лансираше во вселената пред пет години?
До денес, веќе има поминато повеќе од четири милијарди километри во вселената.
-
Зошто Швајцарија е најдобрата земја во светот?
Според годишното рангирање од страна на компанијата „US News“, најдобрата земја во светот е Швајцарија.
-
Финците никогаш не ги прават овие 3 работи: Затоа важат за најсреќниот народ на светот кој живее без притисок!
Финска по петти пат е прогласена за најсреќна земја на светот, а животот таму е како рај!
-
Ова е еден од најопасните патишта во светот на кој еден погрешен потег може да ве чини – живот
„D915“ е 179 километри долг автопат во Турција којшто се смета и за еден од најтешките за возење во цел свет.
-
Netflix почна да наплаќа дополнителни корисници надвор од основното домаќинство во Европа
Повеќе од 100 милиони луѓе во светот некако ја споделуваат својата лозинка за Netflix со пријателите и семејството, објави компанијата, истакнувајќи дека тоа „влијае на нивната способност да инвестираат во нови ТВ серии и филмови“.
-
Што не смеете да чувате во подрум во Германија?
Навикнати сме во подрумите да ставаме предмети што не ги користиме често. Во Германија е забрането да се оставаат одредени работи во подрумот. Во спротивно, има високи парични казни.
-
Quiet hiring добар или лош тренд – Нова улога за вработениот, помали трошоци за работодавецот
Во текот на минатата година забележавме голем број деловни трендови, а веќе на почетокот на новата година се зборува за нов „тивок“ тренд, кој според многумина ќе доминира на деловната сцена.
-
Ова се најпопуларните брендови во светот: Прада го симна Гучи од тронот!
Статистиката вели дека кул клинците носат Прада. Имено, луксузниот италијански бренд го зазеде првото место на Lyst Index рангирањето на најпопуларните модни куќи во последниот квартал од 2022 година. Со тоа тој се помести од второто место и ги симна од тронот своите конкуренти од Гучи.