Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто ви е потребна попладневната дремка?
Дневната дремка од само неколку минути дневно ќе ви помогне да ги „наполните батериите“ и да продолжите свежи низ денот.
-
Бил Гејтс инвестира во компанија која се занимава со ждригањето на кравите
Милијардерот Бил Гејтс инвестираше во австралиски старт-ап за климатска технологија која планира да ги намали емисиите на метан што се генерираат кога кравите ждригаат.
-
Си купил возачка дозвола во кафуле на границата со Босна и Херцеговина
Општинското државно обвинителство во Карловац поднесе обвинителен акт против 30-годишен маж, откако полицијата во месноста Војниќ го фатила со фалсификувана возачка дозвола од БиХ за дури три категории.
-
Десет години го следел менувањето на цените на пицата, а ова се резултатите
Инфлацијата ја крева цената на пицата во Њујорк. Еден маж следел повеќе од 450 продавници, во текот на осум години, за да го испрати овој загрижувачки тренд на поскапување.
-
Само најинтелигентните ќе успеат да ги забележат 6-те скриени лица на сликата од букет рози
Букетот рози крие 6 скриени лица, можете ли да ги најдете?
-
Колку жители има секој европски главен град?
Во најнаселениот главен град на европска држава живеат дури 12 милиони луѓе.
-
Спасе Манев е колекционер на банкноти: Почнал со романски леи, а најтешко е да се обезбедат пари од Северна Кореја
Спасе Манев од Скопје има необично хоби. Овој млад човек собира банкноти од сите делови на светот. Како голем љубител на патувањата, решил да колекционира банкноти и на различни начини ги набавува. Некои самиот ги сочувал после патувањата, а другите ги обезбедува од Македонци кои шетаат по светот.
-
Објавена листата на најмоќни туристички градови - каде луѓето трошат најмногу пари
Британската непрофитна организација World Travel & Tourism Council ги анализираше податоците за туризмот од 2022 година и објави листа на најмоќни туристички градови во кои луѓето трошат најмногу пари.
-
Најголемиот измамник во историјата, на една лага заработил милиони
Грегор Мекгрегор, поранешен војник и авантурист, во 1820 година успеал да се избори за големо парче земја во Средна Америка, земја каде денес се наоѓа Хондурас. Мекгрегор својата земја ја нарекол Појаис, а себеси се прогласил за нејзин принц. За оваа земја никој немал слушнато претходно.
-
10 држави кои ја чуваат природата и ги привлекуваат туристите – првото место не е изненадување
За да создаде листа од 99 туристички одржливи земји на светот, „Euromonitor“ зeл предвид повеќе аспекти, вклучувајќи ја и можноста за еколошки прифатлив превоз и сместување во земјата, како и социјалната и еколошка одржливост.