Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Тајната за неверството на Пике се криела во тегла џем од јагоди
Сè што е скриено и покриено во врската излегува порано или подоцна, а тоа најчесто се случува поради нешто сосема тривијално. Тогаш женската интуиција почнува да ги средува парчињата од сложувалката, пристигнувајќи до вистината.
-
Sony: Збогум PlayStation 4, ни беше чест и задоволство!
Повеќето нови игри не доаѓаат на PlayStation 4
-
Како да препознаете психопат на работното место?
Одговор на ова прашање даде комуникологот и писател Томас Ериксон, автор на романот „Опкружен со психопати“.
-
Што ќе се случи во телото ако целосно престанете да јадете леб?
Ако го јадете во големи количини, ќе внесете многу калории и веројатно ќе добиете некој килограм вишок.
-
ФОТО| Во Јапонија туна продадена за 257.000 евра
Туна тешка 212 килограми е продадена за 36 милиони јени (257.000 евра) на новогодишна аукција во Токио. На наддавањето рибата достигна двојно повисока цена од минатата година.
-
Најпозната личност од Македонија во светот е Александар Македонски, а од Грција Питагора (ФОТО)
Медиа мапс ги избра напознатите личности во светот од секоја земја, па така од Македонија најпозната личност е Александар Македонски.
-
Никола Тесла имал ист појадок секој ден бидејќи верувал дека му дава сила
Никола Тесла многу внимавал на тоа што јаде бидејќи сметал дека тоа е важно за што подолго да остане активен.
-
Плата 356.547 евра: Нетфликс вработува стјуардеса за еден од своите приватни авиони
Стриминг гигантот вели дека бара кандидати со „независно расудување, дискреција и извонредни вештини за услуги на клиентите“.
-
Од џогер направила милионски бизнис
Џој Мангано го создаде џогерот Miracle Mop и други производи што вредат околу три милијарди долари
-
Само сто примероци: Почнаа испораките на најбрзиот и најскапиот Мерцедес
Првиот „Mercedes-AMG One“ е подготвен за испорака.