Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Огнометот во Сиднеј се одржа во 21 часот за оние кои не можат да останат будни до полноќ
Граѓаните на социјалните мрежи ја пофалија овогодинешната организација во Сиднеј за одржувањето на огнометот во 21 часот, за да можат и оние кои не се будни среде ноќ да уживаат во прославите.
-
99-годишниот милијардер сè уште работи и има само еден совет до луѓето: „Бидете малку посреќни во животот, тоа е потребно“
„Луѓето се помалку среќни сега отколку кога работите беа многу потешки“, истакнал Чарли Мангер неодамна.
-
Индијците Нова година слават 10 пати, а еве какви се обичаите ширум светот?
Не сите држави времето го сметаат по грегоријанскиот календар и не ја слават Новата година на 1 јануари, туку некој друг ден.
-
Кои се најчести, а кои најспецифични имиња во Македонија?
Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име.
-
Стапче за мешање на кафе - просто ама комплицирано: Знаете како се употребува?
Седнувате во кафуле, порачувате кафе и со овој топол пијалак ви носат и пластично стапче. Навидум проста работа, арно ама повеќето се чудат за која страна да го фатат стапчето, а со која да го мешаат кафето.
-
Дали мажите се "драма кралици" кога се работи за настинка?
Не е тајна дека жените ги игнорираат настинките и ги исполнуваат сите свои обврски на работа и дома, додека мажите со првата покачена температура и благо течење на носот паѓаат во кревет исцрпени.
-
Од колку плати се купуваше нов автомобил во поранешна Југославија?
Многумина денес со носталгија се потсетуваат на „златните времиња“ во поранешна Југославија, како животот бил поубав и полесен, а многу работи биле подостапни.
-
99-годишниот милијардер сè уште работи и има само еден совет до луѓето: „Бидете малку посреќни во животот, тоа е потребно“
„Луѓето се помалку среќни сега отколку кога работите беа многу потешки“, истакнал Чарли Мангер неодамна.
-
111 милиони претплатници: Ова е најплатениот јутјубер на светот – еве колку заработува месечно
MrBeast го надмина PewDiePie како креатор на поединечни содржини на Јутјуб со најмногу претплатници на светот, пренесува „Dexerto“.
-
Само 2% од луѓето можат да го најдат сокриениот мајмун на оваа илустрација за помалку од 11 секунди
Оптичките илузии и загатки се неверојатни слики кои ги тестираат вашите способности за набљудување.