Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Автомобили со најмногу враќање на километражата
Ако купувате користен автомобил, една од најважните ставки е километражата прикажана на километар-час да одговара на реалноста и да не е изменета.
-
128 години стар прирачник ја реши дилемата како правилно се става тоалетната хартија
Сигурно сте слушнале дека некоја хартија е ставена така што се кине одозгора, а некоја одоздола, што предизвикува бројни дискусии и сомнежи.
-
Мерцедес нема проблем со вработување – гигантот примил околу 160.000 апликации од кандидати за работа
За разлика од многу германски компании, Мерцедес не мора да се жали дека не може да ги пополни отворените позиции. Оваа година, гигантот од Штутгарт примил околу 160.000 апликации од кандидати за работа.
-
Три од нив се во Европа: Објавена листата на 10 најбогати градови за 2022 година
Њујорк веќе со години се наоѓа на врвот на листата на најбогати градови на светот.
-
Дали знаете во која земја е изграден првиот автопат на светот?
Иако на многумина први асоцијации им се САД и Германија, не станува збор за ниедна од овие земји.
-
Што навистина мислат македонците за електричните тротинети?
Расте бројот на граѓани кои користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошка алтернатива за превоз што ја зголемува мобилноста во градски средини.
-
„Исплива“ правилникот на Маск за вработените во Твитер: „Бидете разумни во размислувањето, напуштете ги бесмислените состаноци“
51-годишниот Илон Маск, најбогатиот човек на светот, а воедно и главен извршен директор на „Тесла“, основач на „Спејс Икс“ и од неодамна сопственик на „Твитер“, многу ја цени продуктивноста, па направил листа на совети за своите вработени.
-
Овој ден е „новиот понеделник“ за работниците на далечина – не станува збор за петок
Понеделник и петок биле најчестите денови за работа од дома, но новите податоци за работата на далечина на Николас Блум покажуваат изненадувачки промени.
-
Кој е најмоќниот човек на Катар кој го прегрнуваше Меси како мало дете? Првата сопруга му е роднина, а за неговата мајка зборува цел свет
Како што знаеме, Аргентина е новиот светски првак во фудбал, по возбудливото финале на Светското првенство кое го одиграа против Франција.
-
Внимавајте при купување половно возило: Ова се топ 10 автомобили кај кои најчесто се враќа километражата
Студијата на Европскиот парламент покажува дека загубите поврзани со лажираната километража на половните автомобили изнесуваат 8,8 милиони евра годишно.