Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто стјуардесите ги поздравуваат патниците додека влегуваат во авион: Не се работи само за љубезност
Стјуардесата Иоана Иашим, на социјалните мрежи откри поради што ги поздравува патниците додека влегуваат во авион и не се работи само за љубезност.
-
Количката за купување во маркети сите ја користиме, но дали знаете за оваа нејзина корисна функција?
Дали знаете дека количката за купување во маркетите има една скриена функција?
-
„Епл“ набргу ќе го претстави „ајфон 16“, целосно дизајниран со вештачка интелигенција
Американската компанија Епл го објави датумот на својот следен голем настан на кој се очекува да го лансира поновиот ајфон 16, целосно дизајниран со вештачка интелигенција (AI), кој најверојатно ќе биде претставен за десет дена.
-
Најскапиот југословенски проект: Тајна воена база и подземен аеродром кои го кријат најголемиот мит за СФРЈ
Под кодно име Објект 505, подземниот аеродром Жељава, на границата меѓу Хрватска и БиХ, недалеку од Плитвичките езера, не престанува да го буди интересот на љубопитните. Воениот гигант со тунели долги 3500 метри, широки 20 метри и високи 8 метри е најголемиот подземен аеродром на Балканот. Изградбата започна во 1955 година, а во 1968 година, креацијата на Драгослав Соботка беше подготвена за Југославија.
-
Што работеле ѕвездите пред да станат славни?
Кога ги гледаме милијардерите во нивните вили, омилените актери и музичари на сцена или на филм тешко е да помислиме дека некогаш биле „обични смртници“ и биле работници во ресторани и фабрики за да преживеат. Некои поминувале подобро, некои полошо, но дел од нив одвај заработувале за да се прехранат.
-
Кој е вашиот датум на раѓање: Откријте дали некогаш ќе станете шеф
Ако сте родени во текот на летните месеци, најверојатно тешко дека ќе стигнете до некоја шефовска позиција. Но, ако сте родени во есен или на почетокот на зимата, шефовското место ви е поблику отколку што мислевте.
-
Најпаметните кучиња имаат фантастична долгорочна меморија
Многу кучиња, дури и оние слабо обучените, можат да следат различни едноставни команди како што се „седи“, „лежи“ и „чекај“. Но, има и такви кои можат да се сетат на имињата на стотици играчки – топки, патки, коски, мечиња, пишува агенцијата "dpa". .
-
Тајната за црната ролка на Стив Џобс: Милијардерот едноставно решил да носи иста облека секој ден, причината е генијална
Во раните 90-ти, Стив Џобс од ден на ден носеше иста облека, црна ролка, сини класични фармерки Levi's и патики, главно New Balance, што беше сосема невообичаено за некој кој е најважната личност во светот на технологијата и извршен директор на една мега-позната компанија.
-
Познатиот милијардер тврди дека вечно сме без пари бидејќи непотребно трошиме на овие 12 нешта: Ова сите го правиме, а не сме ни свесни
Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори во светот, навел 12 работи на кои луѓето непотребно трошат пари, а потоа брзо остануваат без истите.
-
Научниците го проверија и тоа: Колку пешачење дневно е доволно за да си го продолжите животот
Научниците нагласуваат дека малите, но редовни промени во нивото на физичка активност може да имаат значително влијание врз нашето здравје и долговечност.