Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Што да однесете како подарок кога одите на слава?
Почна периодот на домашни слави, а со тоа и вечното прашање – што да им однесеме како подарок на славениците?
-
Шеик одбил да купи стан од 100 милиони долари, немало доволно лифтови за неговите сопруги
Катарскиот премиер, шеикот Тамим бин Хамад ел Тани, одбил да купи ултра-луксузен њујоршки пентхаус вреден 100 милиони долари. Тој си купил „скромна куќа“ во вредност од 47 милиони долари.
-
Пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците
Комбинацијата на алкохол, младост, желба за докажување и адреналин доведува до најсериозни последици
-
Ова се најсреќните и најнесреќните датуми за венчавка во 2023 година!
Според астролозите, три датуми во 2023 година се особено среќни, додека еден треба да се избегнува бидејќи е неповолен.
-
Најстудениот град во светот - температурата може да се симне до минус 50 степени!
Јакутск е главен град на руската република Јакутија во североисточен Сибир и е толку студено што е тешко да се поверува дека некој доброволно живее таму. Меѓутоа, покрај големиот број жители, има и љубопитни посетители кои храбро се впуштаат во авантурата да го посетат најнегостопримливиот град на светот.
-
Во оваа држава ве плаќаат да не одите сами на работа! Смислиле како да го намалат метежот: 200 евра за секој што ќе земе колега!
Секој ден во Франција има околу 50 милиони празни седишта во автомобилите кои се во движење.
-
Како да препознаете дали сте купиле оригинален парфем или евтина копија?
9 едноставни начини да разликувате оригинал од копија
-
Сакате да имате германска пензија од 2.000 ЕВРА? - Еве што е потребно
Како до пензија од 2.000 евра или повеќе?
-
Велшанка има најголема колекција на божиќни лампиони со кои влезе во Гинис
Силвија Поуп од Велика Британија има голема колекција на божиќни лампиони со кои влезе во Гинисовата книга на рекорди.
-
Рејчел на 36 години заработила доволно за во пензија: Го следела правилото „4 %“
37 годишната Рејчел Коверт од Масачусетс, САД се кае што многу порано не ја донела одлуката која во потполност ѝ го сменила животот. Како што наведува, би сакала порано да можела да ја смени кариерата и да работи нешто помалку стресно или пак да започне сопствен бизнис.