Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Турско кафе – од султанската палата до нашето секојдневие
Турското кафе е еден од најавтентичните вкусови во Турција, со уникатна арома и посебен начин на подготовка. Длабоко вкоренето во турската култура, заедничкото пиење на овој ароматичен напиток претставува посебен момент што ги зближува луѓето и продлабочува разговорите.
-
Земјата и Венера се слични планети: Сега е откриена една клучна разлика
Земјата е свет на океани, со вода што покрива околу 71 отсто од нејзината површина. Венера, нашиот најблизок планетарен сосед, понекогаш се нарекува наша „лоша близначка“ поради нејзината слична големина и карпест состав, но иако нејзината површина денес е изгорена и гола, многумина се прашуваат дали и Венера некогаш била покриена со океани.
-
Од следната година WhatsApp нема да можете да го користите на овие 3 УРЕДИ
WhatsApp објави дека ќе престане да поддржува три модели на iPhone во 2025 година. Доколку користите некој од овие модели, ќе мора да набавите нов телефон за да продолжите да ја користите апликацијата.
-
AI брзо напредува: Преводите на вештачката интелигенција скоро идентични со човечките
Преведувачката компанија Translated разви метод наречен Time to Edit (TTE) за да измери колку време им е потребно на професионалните уредници да ги коригираат преводите генерирани од вештачката интелигенција (AI) во споредба со човечките преводи. Овој параметар се користи за да се измери напредокот на технологијата за вештачка интелигенција и да се доближи вештачката интелигенција до човечките способности.
-
Истражување: Вештачката интелигенција ќе ја намали профитабилноста на музиката
Научно истражување нарачано од Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори (МКЗАК) посочува дека вештачката интелигенција може значително да ги загрози приходите на вработените во музичката индустрија.
-
Нова листа на најбогатите во светот: Маск е уште побогат, Гејтс повеќе не е во топ 10
Богатството на Илон Маск се зголеми за 25 отсто во текот на ноември, благодарение на растот на акциите на Tesla и вредноста на неговиот стартап со вештачка интелигенција. Така, богатството на Маск за прв пат по две години надминува 300 милијарди долари.
-
Се сеќавате на момчето од Киндер чоколадото? Можеби ќе ве изненади како изгледа сега
Препознатливо лице на насмеано момче го красеше чоколадното пакување Киндер од 2004 до 2019 година, а многумина се прашуваа кое е всушност момчето. Извесен период се шпекулираше дека станува збор за англискиот модел Џош Бејтсон, но манекенот Матео Фарнети од Болоња ја разреши мистеријата кога беше објавено интервју со него во италијанскиот медиум Corriere della Sera.
-
Хипербарна комора: За менаџерите да го покажат својот полн капацитет
Достапна е и во Скопје: Хипербаричната оксигенација помага во намалување на нивото на стрес и анксиозност, што е од големо значење за менаџерите кои носат важни деловни одлуки.
-
Најскапото божиќно дрво во Европа вреди над пет милиони евра
Најскапото божиќно дрво во Европа денес е изложено во Минхен, а неговата вредност е дури и поголема од пет милиони евра.
-
Британците не купуваат имот ако локалниот паб е оддалечен повеќе од 13 минути пешачење
Истражувањето сугерира дека локалните пабови играат изненадувачки голема улога во процесот на купување имот, без разлика дали станува збор за добивање чувство на локалната заедница или разговор со пријател за тоа дали заинтересираното лице сака да даде понуда, а во некои случаи тоа било одлучувачки фактор во одлуката за купување.