Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
ГРАЃАНИТЕ ПОЧНАА ДА КУПУВААТ УКРАСИ И ЕЛКИ: Koлку пари одвојуваат за декорирањето на домот?
Граѓаните купуваат елки и украси со цел да го разубават домот по повод претстојните празници, Нова година и Божиќ. Во салоните за подароци, има голем избор на украси и тоа по различни цени. Елки има во различни големини, oд минијатурни до грандиозни, од класични до модерни, буквално за сечиј џеб. Од салоните за подароци, велат дека граѓаните за да го декорираат домот, најскромно би потрошиле 50 евра, но има и луѓе кои трошат многу повеќе.
-
Втората највисока зграда во светот ќе се гради во Дубаи
Откако во јануари беа откриени плановите за изградба на нов облакодер во Дубаи, неодамна беше потврдено дека проектот е во тек и дека Бурџ Азизи, со височина од 725 метри, ќе стане втората највисока зграда во светот.
-
Најскапиот материјал на светот наскоро во вашиот телефон?
Едно од најголемите достигнувања во технологијата е материјалот кој чини околу 137 милиони долари за грам.
-
По бананата, продадена само една смока за неверојатни 20.000 долари
Уметничкото дело на кое грицката е залепена со трака на ѕид е продадено на аукција на eBay за 20.000 долари.
-
Зошто ја китиме елката: Дали некогаш сте се запрашале како започнало?
Новогодишната традиција на китење на елката одамна е распространета ширум светот. Сепак, дали некогаш сте се запрашале како започнало сè ?
-
Неверојатна биографија: Човек испратил 100 апликации за работа „на шега“, а она што следело било нешто кое никако не го очекувал
„Ловот“ на работа често бара упорност, време и флексибилност, но тиктокерот Џеј Ли со својот експеримент покажа дека креативноста и смелоста можат да донесат изненадувачки резултати.
-
Копче во автомобилот кое не треба да се притиска за време на есента и зимата
Со доаѓањето на постудените месеци, возачите се соочуваат со голем број предизвици на патиштата, вклучувајќи замрзнати или замаглени стакла. Решавањето на овие проблеми може да биде клучно за безбедно возење, но едно најчесто користено копче во возилата може да го влоши.
-
Зошто е важно пешачењето по оброкот?
Кратката прошетка по оброкот може да помогне на повеќе начини, а истражувањата покажуваат дека одењето само 500 дополнителни чекори дневно е поврзано со намален ризик од голем број болести.
-
Инстаграм воведе нова функција во директните пораки
Инстаграм воведува можност корисниците да ги споделуваат своите локации со пријателите преку ДМ (директни пораки). Функцијата покажува дека Мета, која е сопственик на Instagram, се обидува да ги предизвика услугите како Find My на Apple и Snap Map на Snapchat.
-
Најдосадниот пат на светот: 240 километри без ниту една кривина
Најдосадниот пат на светот се смета делницата од 256 километри без ниту еден свијок, угорнина или надолнина, која минува низ пустината Руб ал-Хали во Саудиска Арабија.