Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ако сакате да ја намалите сметката за струја, исклучете ги овие 8 уреди: Експертите ги нарекуваат „енергетски вампири“ и секое домаќинство ги држи вклучени цело време
Со доаѓањето на студената зимска сезона, многу домаќинства бараат начини да ја намалат потрошувачката на енергија и трошоците
-
Заработува по 80.000 долари, а не работи ништо: „Се изнајмувам себеси на осамените луѓе“
Јапонецот Шои Моримото заработува огромна сума на пари „изнајмувајќи се себеси“ за дружба со други луѓе и тоа не само со своите сонародници, туку со странците, и открива од што точно се состои „неговата работа“.
-
Предупредување за возачите во Германија: За овие гуми може да бидете казнети од октомври
Летото е при крај, а многу возачи во Германија веќе закажуваат термин на работилницата за претстојната промена на гуми. Но, бидете внимателни: од 1 октомври 2024 година, одредени гуми повеќе нема да се сметаат за одобрени зимски гуми, пишуваат германските медиуми.
-
Како астронаутите спијат во Вселената и ги извршуваат секојдневните задачи?
Како астронаутите спијат во вселената е една од најинтересните теми кога зборуваме за животот во бестежинска состојба. На Земјата, сите сме навикнати на удобен кревет, гравитацијата да не држи на место и природен циклус на светлина и темнина. Но, во вселената, работите функционираат сосема поинаку.
-
Ако го слушнете бројот „7500“ додека сте во авионот, во опасност сте!
Персоналот на летот често користи тајни шифри за да избегне паника меѓу патниците.
-
Корисниците бесни на "Apple": Се жалат дека новиот софтвер им ја "убил" батеријата на "iPhone"
Ако ви звучи како да сте читале претходно за корисниците кои се жалат на траење на батеријата по надградбите на "iOS", во право сте.
-
Дубаи ќе биде лидер во урбаната воздушна мобилност со електрични летечки такси
Дубаи се подготвува да го трансформира урбаниот транспорт со воведување на целосно електрични летечки такси, кои се очекува да бидат оперативни до првиот квартал на 2026 година. Калед Ал Авади, директор на Одделот за транспортни системи во Управата за патишта и транспорт на Дубаи (RTA), објави амбициозен план за време на Светскиот конгрес и изложба за интелигентни транспортни системи (ITS Светски конгрес), кој моментално се одржува во Светскиот трговски центар во Дубаи.
-
Дали знаете колку можете да заработите со продажба на користени чорапи?
Постојат голем број на бизарни професии каде што можете да заработите многу пари, но дали некогаш сте слушнале за некој што продава користени или носени чорапи?
-
Зошто се верува дека отворањето на чадорот во затворена просторија носи несреќа?
Точниот датум на појавување на чадорите сè уште не е познат, но древните Еѓипќани се заслужни за една негова рана верзија, со оглед на тоа дека беше цртеж којшто ги прикажува свештениците и кралското семејство како ги косристат чадорите за да се заштитат од сонцето, и тоа во 1200 година п.н.е, пишува „Reader’s Digest“.
-
Во овој град се дозволени само бели автомобили, ако се валкани следуваат казни
Ако возите низ главниот град на Туркменистан, веројатно ќе забележите дека повеќето од автомобилите на патиштата се бели. Уште во 2018 година бил донесен правилник според кој во главниот град Ашхабад се забранети црните автомобили и оние во впечатливи бои.