Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Кои банани се поздрави – зелени или зрели?
Несомнено е дека бананите се здраво овошје кога се консумираат во умерени количини. Тие се богати со јаглехидрати, диетални влакна, витамини Ц и Б6, калиум, магнезиум и антиоксиданси.
-
Овие авто-делови најчесто се мета на крадци: Еве како да се заштитите
Дури и ако вашиот автомобил е паркиран на добро осветлено место, лесно може да стане мета на крадците.
-
Емотивна врска со колега од иста фирма - ДА или НЕ?
Во 2023 година, секој четврти работник имал некаков вид романса со колега
-
Погледнете: Вака роботите ќе ги прават нашите автомобили во иднина
Хуманоиден робот тренира нешто што еден ден би можело да биде работа со полно работно време – во фабрика за автомобили БМВ.
-
Како сајтовите со претплата манипулираат со вас
Според новите извештаи од групите за заштита на потрошувачите, повеќето сајтови со претплата користат „темни обрасци“ за да влијаат на однесувањето на клиентите при претплатата и личните информации.
-
Ова село има само двајца жители, а плажа достојна на Малдивите: Претставува вистинска туристичка атракција, а се наоѓа во една од поранешните југословенски држави
Античкото село Лубенице, сместено на хрватскиот остров Црес, може да се пофали со богата историја која датира повеќе од 4.000 години.
-
Германците измерија: Еве колку гориво се троши при возење со вклучена клима
Германскиот Автомобилски Клуб (ADAC) спроведе мерења за тоа колку употребата на клима уред во автомобилот влијае на потрошувачката на гориво.
-
„Од игла до локомотива“ – но зошто и покрај ова Југославија се распадна? Список на фабрики кои можеле да го нахранат, облечат и изградат целиот свет!
Верувале или не, Југославија била една од петте земји во Европа кои имале свои компјутери. „Од игла до локомотива“, можеби е најдобриот начин да се опише сè она што се произведувало во поранешна Југославија (СФРЈ).
-
Боите на сунѓерите имаат различно значење
Поединечните бои на сунѓерите не се случајно избрани. Секоја од нив треба да претставува различно ниво на абразивност. Денес, кога домаќинствата бараат делотворни начини на чистота на домот, изборот на вистинските додатоци за миење садови е неочекувано важен, објави „Н-1“.
-
Фројдовиот тест: Одговорете на овие седум прашања и откријте која е вашата главна карактеристика
Според анализите и одредени толкувања на Зигмунд Фројд, склопен е краток и забавен тест кој може да открие нешто ново за вас, пишува „Н1“.