Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
За што најмногу се расправаат паровите за празниците?
Стресот околу новогодишните празници многу често се одразува на врската, особено ако сте во брак. Мислите на пари, на шопинг, на семејството, на децата и сето тоа влијае на вашиот однос со партнерот.
-
Каде е вистинското место за елката во вашиот дом?
Добро е да ги знаете овие корисни совети со кои ќе ја поставите елката на вистинското место во домот.
-
Постојат луѓе кои не ги "поднесуваат" новогодишните празници - дали и вие сте едни од нив?
Постојат луѓе кои не ги "поднесуваат" новогодишните празници - дали и вие сте едни од нив?
-
Тој ѝ подарил замок, а таа му рекла дека може да ја посети само со писмена покана – љубовта на Гала и Салвадор Дали
Во 1969 година, ексцентричниот уметник Салвадор Дали го купил замокот Пубол од 11 век за неговата муза и сопруга Гала. Замокот бил во лоша состојба, а Дали лично ги надгледувал работите околу неговата реставрација.
-
Како да се изборите за повисока плата – психолозите откриваат кога е вистинско време да зборувате со шефот
Кога давате сѐ од себе на вашето работно место и кога остварувате повеќе од одлични резултати, природно е дека ќе посакате покачување на платата.
-
Нема завршен факултет, ниту посебни вештини, а заработува повеќе и од доктор: „Работам работа која никој не ја сака за 13.000 евра месечно“
Човек кој тврдеше дека нема вештини, нема образование – сега заработува повеќе од лекар. Кори Роквел (38,) заработува 160.000 долари годишно – повеќе од просечната плата на помладите лекари – како рудар.
-
Вештачката интелигенција откри дека дел од позната слика ја сликал некој друг
Платното изложено во шпанскиот музеј Прадо во Мадрид е дискутирано и претходно, а некои експерти претпоставуваа дека ученикот на Рафаел, Џулио Романо, учествувал во неговото создавање.
-
Седум растенија одобрени од НАСА: Се верува дека го прочистуваат воздухот во станот до 90%
Со цел да се подобрат условите за живот на астронаутите во вселенските станици, НАСА објавила истражувачка студија од 1989 година и дошла до едноставен заклучок – за подобар квалитет на воздухот потребно е да се постават растенија на секои 9 квадратни мерки.
-
Како куќата да ви мириса преубаво за празниците
Украсувањето на куќата за празниците значи создавање посебна атмосфера во домот, топла и удобна. Покрај новогодишните украси, важно е да се размислува и за мирисот на просторот. Еве неколку совети како вашата куќа да мириса одлично за време на празничната сезона.
-
Студенти од Јужна Кореја ја тужат државата затоа што им скратиле 90 секунди на тешкиот тест за упис на факултет
Група јужнокорејски студенти ја тужат владата затоа што нивниот приемен испит завршил 90 секунди порано од предвиденото. Тие бараат отштета по 20 милиони вони (околу 15 илјади евра), трошокот кој ќе треба да го платат за едногодишно студирање. Основата на тужбата е дека грешката влијаела врз резултатот на останатите испити на студентите.