Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ја делите лозинката со некого? Лоши вести, стриминг гигантот воведува остри мерки
Многу платформи за стриминг презедоа нови мерки за да ги спречат корисниците да споделуваат лозинки.
-
Една четвртина од сите млади луѓе во ЕУ работат во текот на своето образование
Една четвртина од младите на возраст од 15 до 29 години во Европската унија работат во текот на своето образование, објави Евростат.
-
КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат
Како живеат Балканците во Германија?
-
Жителите на Северна Германија уживаа во спектакуларни глетки на небото
Жителите на делови од северна Германија имаа можност да уживаат во спектакуларните глетки на поларната светлина ноќта од недела кон понеделник.
-
Одгледување аронија во Македонија – извор на здравје и приходи
Аронијата е растение со многу лековити својства, кои го прават едно од најпосакуваните овошја на пазарот. Оваа билка, која потекнува од Северна Америка, има висока отпорност на мраз и болести, а нејзините плодови содржат голема количина антиоксиданти, витамини и минерали. Аронијата се користи за подобрување на крвниот притисок, имунитетот, цревната флора и против стареење.
-
Google наполни 25 години – од студентски дом до доминација на интернет
Пред повеќе од 25 години, двајца студенти од Универзитетот Стенфорд зачнале и дошле до идеја во нивниот студентски дом – да создадат интернет пребарувач кој ќе организира веб-страници и ќе ги рангира.
-
Многу богатите често се лоши инвеститори. Еве зошто
Сосема е лесно да се трошат огромни суми пари. Само прашајте ги потомците на најбогатите Американци.
-
Ова се најбарани професии во Европската унија
Иако има намалување на бројот на отворени работни места, се уште постои загриженост за недостигот на работници ширум Европа
-
Од ништо создаде компанија вредна 20 милиони долари – кој е неговиот совет?
Австралиецот Коби Симат живеел да остане без ништо во тинејџерските денови, а потоа ги презел работите во свои раце и создал компанија вредна 20 милиони долари.
-
На една работа, за еден работен ден се заработуваат 130 илјади долари, но...
Работата е два пати годишно