Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ќе почнат ли и другите? Од денеска кафе во овој прилепски ресторан се служи по цена од 30ден
Кога се сака се може, а за тоа најдобар пример е ресторанот “Деспина”, каде од денеска прилепчани ќе уживаат во кафе по цена која ќе одговара за сечиј џеб.
-
Хакер од Холандија ги украл личните податоци на сите Австријци
Неименуван хакер од Холандија ги украл адресите и личните податоци на сите жители на Австрија.
-
Земјата прими радиосигнал испратен од галаксија која е оддалечена 9 милијарди светлосни години
Ова е првпат научниците да детектираат сигнал кој потекнува од друга галаксија која се наоѓа на 9 милијарди светлосни години од Земјата.
-
САД подготвуваат закон за забрана на ТикТок
Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД планира следниот месец да гласа за нацрт-законот со кој ќе се забрани популарната кинеска социјална мрежа ТикТок во Америка.
-
Заборавил 19.000 евра на кровот од автомобилот и тргнал да вози, по некое време се случило незамисливо изненадување
Во Ротенбург кај Бремен, 59-годишна жена во вторникот попладне околу 16 часот пронашла бел плик со натпис „19.000 евра“ на улицата Висмарер.
-
Листа на автомобили кои трошеле најмалку гориво од 1975 година до денес
Списокот е создаден користејќи податоци од Извештајот за автомобилски трендови на EPA.
-
„Netflix“ го укинува делењето на профили до крајот на март 2023 година
Компанијата уште минатата година најавила посебна наплата за претплатниците кои ги делат своите профили, а конкретниот датум за воведувањето на нова работна политика тогаш не бил наведен.
-
Споредба на сметки за исти намирници во 2020 и 2023 година - Разликата е огромна!
Американката Ејми на ТикТок ги споредила сметките кои за исти намирници ги добила во 2020 година, кон крајот на 2022 година и средината на јануари 2023 година, а забележала раст на цените за 50 отсто.
-
Зошто на патниците во авион не им е дозволено да ги менуваат седиштата?
Стјуардеси објаснуваат зошто на патниците не им е дозволено да ги менуваат седиштата, дури и ако има празни места во авионот.
-
Истражување: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги
Речиси една третина од испитаниците од државава опфатени со истражувањето „Нови дигитални навики“ на Visa трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5%) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Секој втор испитаник (56%) користи онлајн услуги неколку пати на ден и речиси секој (99%) тоа го прави преку смартфон.