Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
За кои работи луѓето најмногу лажат во своето CV и за време на интервјуата за работа
Дали некогаш сте се фатиле себеси како малку ја разубавувате вистината, а да не зборуваме за „лажење“ при пишувањето на вашето CV?
-
Кои вештини им недостигаат на работниците ширум светот?
Зголемените трошоци за работна сила, јазот помеѓу достапните и потребните вештини на вработените, како и неможноста навреме да се пополнат позициите ќе бидат најголемите предизвици со кои ќе се соочат компаниите.
-
Германците доминираат: Кои автомобили се најдобри по 100.000 километри?
Многу автомобили покажуваат сериозни дефекти по 100.000 километри, но не сите. Маратонскиот тест покажа кој се покажа најдобро и покрај високиот шестцифрен број на километри.
-
Голем одмор од два часа и единици наместо петки: Како е да се биде ученик во другите држави?
Од возраста на која стануваме ученици до оценките што ги добиваме на тестовите, искуството во образованието е различно во различни европски земји. Еве неколку интересни факти за тоа како изгледа да се биде ученик во другите земји.
-
Работата од дома во просек заштедува 72 минути дневно
Работата од дома во просек заштедува 72 минути дневно време на патување низ светот, најмногу во Кина – 102 минути дневно, а најмалку во Србија – 51 минута, покажуваат резултатите од новото истражување објавено денеска од Блумберг.
-
Психологија на успехот на Икеа: Трикови кои ќе ве натераат да купувате
Со 460 продавници во 62 земји во светот и вредност од околу 17,5 милијарди долари, Икеа важи за една од најуспешните компании во светот.
-
Богатството на овие луѓе секојдневно расте за 2,7 милијарди долари, но како?
Кој е победник, а кој губитник од бранот на глобализацијата што започна во 80-тите години и е прашање кое долги години се поставува во дебатата дали овој процес бил лош или добар за светот.
-
Колку поскапеа автомобилите за 30 години?
Последниот бран на поскапувања и инфлација го погоди особено пазарот на автомобили, па некогаш релативно достапните семејни автомобили станаа луксузен производ. Разликите се уште поголеми кога се гледа во период од 30 години.
-
Што мислите, каков смартфон користи еден од најбогатите луѓе во светот?
Со оглед на тоа што Мајкрософт претстави свои телефони кои работат на Андроид, би очекувале Гејтс да користи уреди од компанијата што ја основал и раководел долги години како извршен директор.
-
Бродска компанија забрани превоз на електрични автомобили на своите траекти
За работите да бидат уште поинтересни, станува збор за компанија од Норвешка, земја која е светски лидер во електрификација на возниот парк.