Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
10 причини зошто јануари ни се чини како најдолг месец во годината
Луѓето често го доживуваат јануари како најдолг, најдосаден и најдепресивен месец во годината. Ако на ова го додадете и фактот дека платата однапред ви е потрошена, јануари важи и за најсиромашен месец.
-
Како да препознаете човек со добра душа? Не е важно кој е и што работи - го издава само една работа!
Кога добар човек влегува во една просторија веднаш се чувствува таа необјаснива позитивна енергија во воздухот.
-
Колку чини престој во најлуксузниот хотел на светот - Бурџ Ал Араб
Гостите во хотелот, од аеродром може да пристигнат со Ролс Ројс или хеликоптер.
-
Филмот „Титаник“ по 25 години се враќа во киносалите
По првото прикажување во 1997 година, тој стана најуспешниот филм на сите времиња, а сега е трет филм со најголема заработка во светот.
-
Босна и Херцеговина го произведе првото електрично возило
EVO е првото возило на електричен пого дизајнирано и произведено во БиХ.
-
Колку навистина се среќни жителите на Балканот?
„Светскиот извештај за среќа 2022“ на ОН покажа како е рангиран Балканот од 146 земји според индексот на среќа на нивните жители. Рангирањето на среќата се заснова на тригодишниот просек од 2019-2021 година.
-
Instagram го враќа стариот дизајн
Навигацијата низ апликацијата Instagram ќе изгледа многу познато од февруари.
-
Дали знаете дека жените се тие кои ги диктираат трендовите во автомобилската индустрија?
Ако мислевте дека за дизајнот на еден автомобил одлучуваат мажите, се лажете!
-
Шведскиот град во кој луѓето се смрзнуваат за 3.145 евра – за што станува збор?
„Isstolpsitting“ или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелминa. Тоа што се организира во оваа европска држава во февруари секоја година е во состав со манифестацијата „Vilhelmina Winter Weekend“.
-
Колку шолји кафе може да поднесе вашето тело во еден ден?
Со оглед на тоа дека кофеинот е стимуланс на централниот нервен систем и се смета за психоактивна супстанција, постојат аргументи дека неговото прекумерно консумирање може негативно да влијае на вашето здравје.