Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ова е најдобриот домашен лек против настинка
Веќе осетивме и на сопствена кожа дека ова е период кога вирусите за секунда се спремни и чекаат да "нападнат", а вие преку ноќ да се почувствувате немоќни. Многу е важно сега да работите на подобрување на имуниот систем, со цел подобро да се справи со овие вируси.
-
Колку навистина се среќни жителите на Балканот?
Според „Светскиот извештај за среќа 2022“ на ОН, земјите од Балканот се рангирани меѓу 32 и 90 - тото место на скалата за среќа.
-
Овој воз го отфрли конвенционалното гориво и сега работи на остатоци од супа
Железницата Аматерасу нуди 30-минутно возење прикажувајќи знаменитости во префектурата Мијазаки, НО ТО НЕ Е СÉ!
-
Најскапите дресови во светот: За да ги имате ви треба (над) просечна плата
На сите им е јасно колку значат одредени фудбалски дресови за колекционерите, а веб-страницата Casumo подготви листа на 10-те најскапи дресови на пазарот.
-
Како пред еден век ја предвидувале 2023 година?
Неколку автори предвидувале свет полн со поздрави и поубави луѓе за 2023 година, а еден предвидел искоренување на ракот, како и туберкулозата, детската парализа, локомоторната атаксија и лепрата.
-
Што се случува во Лондон? - Стотици луѓе отидоа на работа без панталони
Секоја година во јануари се одржува “Денот без панталони” на кој многу луѓе, претежно од САД и Велика Британија, одат на работа, возејќи се во метрото без пантолони.
-
Доста беше од сарми и подварок: Направете палачинки од кисела зелка
Ви здодеаја сармата и подварокот? - време е да испробате нешто ново
-
Колку често треба да го чистите домот со правосмукалка?
Чистењето со правосмукалка за многумина секојдневно е приоритет. Сепак, за повеќето домови се препорачува чистење најмалку двапати неделно, особено ако имате теписи на подот.
-
Прогласени најбезбедните земји на светот: Дури 11 се во Европа
Американската компанија „Berkshire Hathaway Travel Protection“ ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година. Од вкупно 15 претставени, 11 се од Европа, а Холандија го освои првото место.
-
Поради лажно боледување ангажирале и детектив!
Работодавачите сé почесто се соочуваат со лажно боледување на своите вработени, што во голема мера влијае на ефикасноста на деловното работење, но и значително ги демотивира другите вработени кога ќе се почувствува и препознае дека боледувањето не се заснова на реални потреби и неспособност за работа.