Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Добила 22 милиони евра на лото и продолжила да работи: Сакам да бидам вработена
Во Австралија на 29 декември минатата година е освоен џекпот на Powerball во износ од 100 милиони австралиски долари, кој бил поделен на тројца среќници, а секој од нив добил по 33 милиони долари или повеќе од 21 милион евра.
-
Близнаци родени во Тексас се родија во различна година
Мајка од Текскас роди близнаци од кои се шест минути разлика. Едното бебе се роди во 2022, а другото во 2023 година. Кали Џо Скот од Дентон ја роди својата прва ќерка, Ени Џо, во 23:55 часот на 31 декември. Тоа е последното бебе родено во болницата во Тексас за 2022 година.
-
Еве каде се продаваат најскапите компири во светот - нивната цена се движи до 490 евра за килограм
Евтината народна храна често вклучува компири, но не и оние кои доаѓаат од малиот француски остров Ноармутие, западно од Нант. Малите жолти компири се најскапи во светот, а нивната цена се движи до 490 евра за килограм. Тие растат само во островската почва на Бискејскиот залив, богата со минерали – на парче земја што мириса на океан и алги.
-
Работи само 5 часа дневно и заработува 160.000 долари месечно: Кој е неговиот најдобар бизнис совет
Кога започнувате бизнис, понекогаш е тешко да се знае на што да се даде приоритет. Но, постојат стратегии што можете да ги користите за да избегнете вообичаени стапици.
-
Пет типови на луѓе што ги среќаваме во текот на празниците
Празниците будат различни чувства кај луѓето, но не мора сите да бидат пријатни. Секој на свој начин ги доживува празниците, па понекогаш го гледаме најдоброто од луѓето, а понекогаш за жал и најлошото.
-
Погледнете какви новогодишни подароци сакаат автомобилските ентузијасти
Најлесно е да се погоди подарок за автомобилските ентузијасти. Доволно е да се избере било што на тема автомобили? Секако дека не е толку едноставно. За да се избегнат евентуални разочарувања, овој список може да послужи како корисна ориентација:
-
Официјално и научно е докажано, сапуниците го оштетуваат мозокот
Откако се појавија, телевизиските сапуници имаат своја верна публика насекаде. Тие немаат цел подлабоко да се занимаваат со социјалните проблеми, не бараат премногу интелектуален ангажман и од нив нема да научите ниту една важна информација за ништо важно на светот. Нивната единствена цел е едноставно да им овозможат на гледачите едноставна забава за некое време.
-
Кој европски народ чија земја најмногу ја пребарува на Google?
Секоја европска земја ги „гугла“ другите земји од светот, но интересно е да се погледне која земја која друга најмногу ја пребарува.
-
Сѐ што не сте знаеле за легендарното „југо“
Повеќето од луѓето кои „фатиле“ нешто од Југославија или се страстни југоносталгичари ги знаат главните адути со кои некогаш можела да се пофали заедничката држава, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија.
-
Има возачи кои мислат дека знаат се за автомобилите: Најпознатите митови и заблуди
Има возачи, а не мал број, кои мислат дека знаат се за автомобилите.