Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Сите во Јужна Кореја ќе се подмладат за 1 до 2 години
Луѓето во Јужна Кореја наскоро ќе станат една до две години помлади, благодарение на новиот закон што има за цел да го стандардизира начинот на пресметување на возраста во земјата.
-
Apple ќе има автомобил во 2026 година за цена под 100.000 долари
Долго време се најавува појавувањето на новиот автомобил на Apple, а сега се појавија некои нови информации.
-
„Гоблински режим“ е термин во Оксфордскиот речник за 2022 година
Терминот се однесува на „тип на однесување кое се карактеризира со мрзеливост, невештост и алчност и е типично за поединци кои ги отфрлаат општествените норми или очекувања“. Тој се најде на првото место, што беше одлучено со јавно гласање.
-
Мрзливост и безволност - зошто толку многу луѓе влегуваат во „гоблински режим“
Она што е вродено во оваа поставка според самопрогласениот „гоблин од реалниот живот“ Дејв Мекнеми е тоа што овој режим може да се вклучува и исклучува. Во својата објава на Твитер која стана вирална, тој тврди дека режимот на гоблин не е трајна особина на личноста, туку состојба на умот.
-
Во оптек пуштени монети со ликот на кралот Чарлс III
Првите монети со ликот на британскиот монарх од денеска ќе се појават во оптек во поштите низ Велика Британија.
-
Научете од Пикасо како да наплатите
Постојат неколку верзии на познатата анегдота од животот на Пабло Пикасо, големиот уметник од првата половина на минатиот век, во која тој бара неразумна сума пари за својот цртеж. Мит или не, оваа анегдота влезе во професионалната деловна литература како „парадоксот на Пикасо“.
-
Маск ги претвори канцелариите на Твитер во спални соби за вработените
Одделот за градежна инспекција во Сан Франциско потврди дека ги истражува можните прекршувања околу претворањето на канцеларискиот простор во еден вид „хотел“ за работниците на Твитер
-
Два роботи им помагаат на вработените во болница во Словенија
Словенечката општа болница во Градец доби нов робот, кој заедно со својот претходник им помагаат на вработените во физички захтевните задачи
-
Откриена тајната на маркетиншкиот трик: Повеќе нема да купувате ништо со цена што завршува на бројот 9
Без разлика во која продавница влегувате, една бројка најчесто ви привлекува внимание кога се во прашање цените на артиклите. Деветка!
-
Овој европски град очајно бара лекари: Им се нуди почетен бонус од 50.000 евра и голем број бенефиции, но никој не се пријавува!
Проблемот со недостигот на лекари не ја засега само Македонија, тоа е криза во цела Европа - дури и мал град во рурална Франција би можел да остане без медицински центар бидејќи не може да привлече нови вработени да ги заменат лекарите во пензија.