Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Село во кое нема казни за паркирање и упорни продавачи, а може да се изнајми - цело!
Цело италијанско село е достапно за изнајмување, а едно ноќевање на таа локација чини околу 10 евра по лице.
-
Марс пред милијарди години имал доволно вода за еден глобален океан, а на планетата можеби постоел и живот
Црвената планета не била отсекогаш црвена. Некогаш таму имало многу вода, а можеби и живот, тврдат европски научници во своето најново истражување.
-
Инвестициите за дигитално огласување во Европа пораснале за 30% во текот на минатата година
Огласувачката индустрија во Европа ги надминува предизвиците наметната од пандемијата – покажува растот на буџетите за дигитално огласување во текот на минатата 2021 година.
-
Ирска го казни Facebook со 265 милиони евра
Ирскиот регулатор за заштита на податоците (DPC) го казни Facebook со 265 милиони евра, со што вкупната казна за чадор-компанијата Meta достигна речиси една милијарда евра
-
Пред две години останал без работа, сега е СЕНЗАЦИЈА во Катар - кој е Андрис Ноперт?
Приказната на Андрис Ноперт станува се попопуларна на Мундијалот, така што сигурно ќе се снима филм за него!
-
Во подготовките на Мундијалот во Катар загинале меѓу 400 и 500 сезонски работници
Помеѓу 400 и 500 сезонски работници ги загубија животите за време на работата за организацијата на Светското првенство во Катар, изјави катарскиот функционер вклучен во организацијата на првенството.
-
Најбогата земја во светот, но со сите пари не можат да го купат тоа што ние го фрламе
Нема да ви се верува како се живее во Катар
-
Кои се привилегиите кои ги уживаат жителите на Обединетите Арапски Емирати?
Многу привилегии имаат жителите на Обединетите Арапски Емирати
-
Во српски град живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот
Во српскиот град Суботица живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот
-
Аеродромите менуваат едно важно правило - еве за што се работи!
Некои аеродроми одлучија да го отстранат ограничувањето за носење повеќе од 100 ml течност во рачниот багаж. Одредбата се очекува да стапи во сила во 2024 година.