Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Секој втор возач ќе се откаже од возилото до 2030 година!?
Водечката консултантска компанија за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека одлуките за мобилност во Европа и светот ќе бидат многу различни од денес веќе во 2030 година.
-
Забрана за бучни автомобили и мотоцикли - казна до 1.000 евра!
Колку пати ве разбудил возач на автомобил или мотоцикл среде ноќ?
-
PlayStation 5 би можел да биде дел од новиот автомобил на Honda и Sony
Претставниците на Sony и Honda размислуваат да вградат конзола PlayStation 5 во нивниот претстоен електричен автономен автомобил фокусиран на забава.
-
Дали вашата лозинка е на листата на најкористени во 2022 година?
На листата на најчесто користени лозинки сè уште доминираат оние со бројки, но има и некои други интересни решенија
-
АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ПЕТОКОТ ПОТРОШИЛЕ НАД 9 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Половина од сите онлајн продажби биле преку паметните телефони
За време на овогодинешниот „црн петок“ американските потрошувачи потрошиле рекордни 9,12 милијарди долари, исклучиво на онлајн купување, покажуваат податоците на компанијата Adobe.
-
Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал
Затворските службеници се советувани да ја зголемат будноста во местата на затворот каде што на затворениците им е дозволено да гледаат натпревари.
-
Сакате да работите како астронаут? - еве како НАСА избира кандидати....
Според американската вселенска агенција НАСА, само 10 кандидати биле избрани за класата астронаути во 2021 година од 12.000 пријавени.
-
Ова се 10-те најдолги летови во светот
Оваа година е успешна за светските авиопревозници, по претходната, која поради пандемијата беше погодена од пад на патувањата и затворање на многу линии.
-
Истражување: Кучиња трагачи би можеле да ја спречат појавата на ковид-19 на работното место
Раководителот на истражувањето, Холгер Фолк за агенцијата ДПА појасни дека овој вид куче претставува „систем за рано предупредување“.
-
Совршено бегство: Мал остров до кој може да стигнете само за време на осека
Llandwyn или Llanddwyn е мал остров кој нуди совршено бегство во мирот и синилото на прекрасните песочни заливи и вулканските карпи. Птиците, делфините, фоките, па дури и дивите велшки понија кои пасат на ливадите се единствените жители на островот. Поради незаборавната комбинација на флора и фауна, се смета за еден од најубавите во Европа.