Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Фановите се жалат на сместувањето во Катар: Мини бања и фрижидерче за 207 долари дневно
На околу 10 минути возење и 15 километри од центарот на Доха, или околу 20 минути со метро и половина час со автобус, е оазата за навивачите во Катар.
-
Coca-Cola петта година по ред е најголем загадувач со пластика во светот
Конечно се познати најголемите загадувачи со пластика во светот за оваа година и Coca-Cola повторно се искачи на врвот на таа листа, и тоа петта година по ред. Ова е особено контрадикторно сознание имајќи го предвид спонзорството што го дава компанијата за храна и пијалаци за климатскиот самит COP27 во Египет.
-
Фејсбук се менува: Ова се новите промени
Компанијата Мета најави дека во декември ќе направи одредени промени на корисничките профили, што значи дека адресата, сексуалната ориентација, политичката и верската припадност ќе бидат отстранети од профилот. Овие измени стапуваат на сила од 1-ви декември.
-
За што служи огледалото во лифтот? Овие 10 занимливости за лифтовите сигурно не сте ги знаеле
Изгледа дека денес не може да се замисли живот без лифтови, посебно ако живееме или работиме во згради кои имаат голем број на катови.
-
Бермудски триаголник во машината за алишта: Каде исчезнуваат чорапите?
О, НЕЕЕЕ повторно недостасува еден чорап!
-
Како паметно да купувате на Black Friday?
Black Friday е петокот по Денот на благодарноста, а традицијата настанала во текот на 60-тите години на 20 век во Соединетите Американски Држави, а децении подоцна се проширила на поголемиот дел од планетата.
-
Нова професија на пазарот на трудот: "Асистент за спиење"
Бидејќи несоницата станува ноќна мора за многу Кинези, се појави нова професија наречена „асистент за спиење“ која ќе им помогне да заспијат за време на долгите непроспиени ноќи.
-
Кои се најдобри и најлоши градови за живеење?
Economist Intelligence Unit (EIU) го објави својот глобален индекс за животна способност со кој ги рангираше 10-те најдобри и 10-те најлоши места за живеење во светот во 2022 година.
-
Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители
Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители во рамките на 169 организирани тури, информираше Парламентарниот институт
-
Импровизација на пазарот за недвижнини: Кога куќата тешко се продава, ја нудат и "Тесла" бесплатно
Пазарот за недвижнини во Нов Зеланд во последните месеци е во многу лоша ситуација бидејќи купувачите не можат да си дозволат куќа или стан што го сакаат. Идејата на еден сопственик на куќа во Окленд сепак успеа да го привлече вниманието на јавноста!