Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Tesla е осум пати попрофитабилна од Toyota
Добивката на Tesla од продажбата на автомобили ја надминала добивката на Toyota за околу осум пати за периодот јули-септември 2022 година
-
Кинез истрча маратон за три и пол часа пушејќи цигари цело време
Добро е познато дека ефектите од пушењето врз белите дробови и опшро по здравјето се многу негативни, но и покрај тоа, еден кинески маратонец го истрча маратонот во градот Гендо додека пушеше цигари.
-
Маск им ги укина бесплатните оброци на вработените на Твитер
Илон Маск ги укина бесплатните оброци за вработените на Твитер за да заштеди 13 милиони долари годишно, откако тврдеше дека повеќе луѓе си носеле свои оброци и не јаделе на работа.
-
Секој граѓанин на Германија за својот 18-ти роденден ќе добие државен подарок од 200 евра
Околу 750.000 луѓе во Германија за роденден треба да добијат 200 евра од државата. Овие пари, како што соопшти федералната влада во петокот, се наменети за поттикнување на младите луѓе да ја искусат културата.
-
Германска населба во која киријата изнесува 88 центи годишно – ќе ве освои со својата шармантност
Во малата населба Фугереј која се наоѓа во Аугсбург, цената на кирија изнесува само 88 центи годишно.
-
Маж пронашол повеќемилионски чек и го вратил – го наградиле со 6 пакетчиња гумени бонбони
Ануар Г. е 38-годишен Германец кој пронашол нешто неверојатно на железничка станица во Франкфурт.
-
Европа ќе увезе 800.000 кинески автомобили до 2025 година
Европа можно е наскоро да увезува повеќе автомобили отколку што извезува.
-
Во организацијата на СП Катар вложи 200 милијарди долари, се надева дека ќе заработи 20
Светското првенство во Катар ќе биде најскапото во историјата
-
Твитер ја суспендираше својата нова услуга за претплата од 8 долари
Твитер ја суспендираше својата нова услуга за претплата од 8 долари која добива сина ознака за автентичност на профилот
-
За прв пат во историјата на Мундијалот ќе судат и жени
На Светското првенство во Катар фудбалската правда ќе ја делат 36 судии, 69 помошници и 24 ВАР судии