Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
„Google“ продолжува да гаси апликации - заминува и „Street View“
„Google“, веќе традиционално, продолжува да ги гаси своите услуги, а сега на ред е апликацијата „Street View“.
-
Како да ги блокирате здодевните реклами на мобилните?
Без разлика дали имате iPhone или Android паметен телефон, овој водич ќе ви објасни како да ги блокирате рекламите на вашиот омилен уред.
-
Лондон добива ново електрично возило чија батерија се полни за десет минути
По лондонските патишта ќе вози 12-метарска верзија со автономија до 350 километри, која собира до 105 патници.
-
Нека вашата иднина биде баш онаква каква што сакате: Вака никогаш нема да останете без пари - трикот е во паметното штедење!
Од секогаш слушаме колку е важно да штедиме, но многу луѓе имаат недоумица околу тоа како да заштедат и кој е најдобриот начин за чување на пари.
-
Немале друго решение: Германска општина избра градоначалник со киндер јајца
Во малата германска општина Антелплеин бај Штразунд, новиот градоначалник беше избран со ждрепка, бидејќи првите двајца кандидати имаа ист број гласови.
-
Дали знаете зошто лифтот е важен кога одите на интервју за работа?
Лифтот е сојузник кога се оди на интервју за работа. Сигурно се прашувате зошто? Во прилог на текстот е објаснувањето:
-
Белгија воведува кривично дело "екоцид", казниво до 20 години затвор
Како дел од напорите за реформирање и поедноставување на нејзиниот кривичен законик, Белгија ќе воведе кривично дело екоцид
-
Регионот се подготвува за "ЕНЕРГЕТСКИ ТУРИСТИ"
Поради високите цени на струјата, граѓаните од Централна и Западна Европа планираат во текот на зимата, како птици, да мигрираат на југ во земји каде што енергијата не е толку скапа и да поминат неколку месеци таму наместо да трошат пари за затоплување на домовите.
-
ВИДЕО: Кинезите го пуштаат во продажба летечкиот автомобил
Кинескиот произведувач забрзано работи на развојот на летечки автомобили и се вбројува во редот на технолошки предводници во овој се поинтересен облик на превоз.
-
За што може да бидете казнети додека сте во Венеција?
Стјуардеса сподели некои од бизарните работи поради кои може да добиете голема парична казна додека сте на одмор во Венеција – од хранење гулаби до седење на погрешно седиште.