Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Германија планира да легализира купување марихуана до 20 грама
Според предлогот, германската влада планира да им дозволи на возрасните граѓани да купат и поседуваат 20 грама канабис за лична употреба како дел од планот за легализација на марихуаната.
-
Нема веќе "гага" Netflix
По лансирањето на новата алатка за пренос на профили, Netflix се чини дека го подготвува теренот за забрана за споделување лозинки.
-
Баба на 90 години скокна со падобран: Ако сум жива ќе скокам пак на 95. роденден
90-годишната Мерси Багс од Англија скокна со падобран од авион неколку дена пред нејзиниот роденден и стана меѓу најстарите луѓе во светот што скокале со падобран. Таа првпат скокнала од авион на 77 години и вели дека ако биде жива, ќе скока и трет пат на 95. роденден, пишуваат британските медиуми.
-
„AccuWeather“ со детална прогноза: Балканот ќе го погоди силно невреме!
Иако сè уште се навикнуваме на есенските рутини, тимот на метеоролози од „AccuWeather“ веќе состави прогнози за тоа што ќе донесе зимата во Европа.
-
"Сам свој мајстор": Што да направите кога радијаторите не греат?
Без разлика дали сте приклучени на градско парно или имате сопствено парно греење, проблеми може да се случат и подобро да ги спречите пред да почне зимата.
-
Девојчињата добиваат повисоки оценки од момчињата, научниците открија зошто
Девојчињата често добиваат повисоки оценки од момчињата со исти академски способности, покажа ново истражување.
-
Дали знаете што всушност претставува женскиот знак на тоалетите?
Сигурно многу пати сте виделе знак за тоалет со силуети на маж и жена. Машкиот знак има панталони, женскиот е во фустан - барем така мислевме до неодамна, додека компанијата Axosoft од Аризона не создаде кампања која сака да ги изедначи мажите и жените во одредени традиционално машки занимања, пишува The Mirror.
-
Две марки автомобили се крадат со шрафцигер и USB кабел
Годинава, благодарение на социјалните мрежи, крадците најдоа слаба точка на автомобилите на два производитела, а бројот на кражби драстично се зголеми.
-
Супер трик со алуминиумска фолија зад радијаторите за топла зима
Ледената зима која трае долго може да биде малку потопла ако користите паметен и едноставен трик со фолија за кој зборуваат милиони луѓе. А особено е добредојден во време на скапа струја и високи сметки за греење.
-
Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во Германија
Речиси 10.000 Германци го купија електричниот кросовер во септември.