Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Оваа земја воведува бесплатно патување со воз до крајот на годината: еве како ќе функционира?
Патниците можат да ја искусат убавината, културата, храната и историјата на Шпанија додека заштедуваат пари патувајќи низ земјата со воз.
-
Дали домот да се грее постојано или грејните тела повремено да се гасат - што е поисплатливо?
Експертите велат декагреењето на пониска температура во текот на денот за да заштедите пари е само мит
-
Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а Македонец на 32
Жителите од скандинавските земји се осамостојуваат многу порано, за разлика од младите на Балканот кои подоцна почнуваат да живеат сами.
-
Бара компензација од авиокомпанијата откако поминал три часа помеѓу двајца патници со прекумерна тежина
Патник на летот на “Американ Ерлајнс” бара компензација од авиокомпанијата откако поминал три часа помеѓу двајца патници со прекумерна тежина.
-
Газда за пример: Со скромно патување му го разубавил роденденот на својот вработен
Секој би посакал ваков газда, ЗАР НЕ!?
-
Зошто капаците на некои пенкала имаат дупка? Причината може да ве изненади
Една од најголемите животни мистерии конечно е решена, благодарение на Интернетот.
-
Евровизија 2023: Во Ливерпул цени и до 9.000 евра за ноќевање!
Многу приватни сместувања се веќе резервирани, а најевтината опција ноќта на финалето на Евровизија на 13 мај е 1.000 фунти (1.138 евра) преку Booking.com.
-
Била отпуштена затоа што побарала годишен одмор, судот и исплатил 290.000 евра отштета!
На вработена во британската управа за приходи и царина и е доделена отштета од 290.000 евра затоа што била отпуштена по кавгата со нејзиниот шеф.
-
Што заработува Германец за еден час на работа
За еден час работа во јуни годинава, просечен Германец заработил едно билет за кино, половина килограм кафе, поштенска марка, леб и шише пиво.
-
Римац: Кога го основав Bugatti Rimac, сакав да работам бесплатно
Римац произведува атрактивни електрични спортски автомобили. Неговата позиција беше зацврстена минатиот јули кога VW му даде мнозинска контрола над Bugatti, производител на еден од најбрзите автомобили во светот, Chiron