Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Рекордни 433 добитници на лотарија на Филипините, покрената е истрага
Рекордни 433 добитници беа извлечени за џекпот на националната лотарија на Филипините, што поттикна повици за истрага.
-
Дали знаете зошто Starbucks ги пишува имињата на клиентите на нивните кафиња?
Дали некогаш сте се запрашале зошто Старбакс ги пишува имињата на клиентите на нивните кафиња?
-
Пребарувањето на Гугл станува побрзо, ова се новитетите
Како што покажа неодамнешното истражување, сѐ повеќе млади луѓе не ги бараат информациите за кои се заинтересирани на Гугл , туку на Тикток и на Инстаграм, па компанијата сака да ги направи резултатите од пребарувањето попривлечни.
-
Го нарекуваат и дрво на иднината: Македонските домаќинства се греат на пауловнија, еве што советуваат
Во земјава има семејства кои во зима се греат на пауловнија и велат дека се задоволни.
-
Австриски ресторан воведува специјално мени со повисоки цени за гостите кои работат како доставувачи на енергија
Огромниот раст на цените на струјата и бензинот им предизвикува проблеми на австриските ресторани. Поради тоа, еден сопственик на ресторан во провинцијата Штаjермарк воведе мени за доставувачи на енергија во знак на протест.
-
Докторите во Белгија препишуваат посета на музеи како терапија за анксиозност
Докторите во Брисел, Белгија, почнаа да препишуваат посета на културни настани како начин за подобрување на физичкото и менталното здравје на луѓето. Тие сакаат да видат како ќе делува таа терапија кај луѓето кои страдаат од депресија, анксиозност или стрес.
-
Ова се најбогатите производители на автомобили во светот, бројките се нереални
Некои автомобилски компании заработуваат огромни суми пари, всушност толку многу што имаат повеќе приходи од многу земји!
-
Дали исчистените радијатори ќе ни ги намалат сметките за струја!?
Наскоро започнува грејната сезона и вистинско време е да ги подготвите вашите радијатори за претстојната работа. Радијаторите можат да бидат жаришта за нечистотија и прашина, која се собира помеѓу решетките и просторот помеѓу ѕидовите.
-
Во хотелските соби никогаш нема да добиете паста за заби - ова е причината
Пастата за заби иако неопходна во секојдневието, хотелите никогаш не ја нудат на гостите. Но зошто тоа е така?
-
Доколку најдете пари на улица не ги земајте - еве зошто!
Сите како деца не учеа дека ако најдете пара на улица, тоа е знак за среќа. Но, според источните суеверија, тоа е огромна грешка. Штом парите се изгубиле, значи претходниот сопственик можеби имал лоша среќа со нив.