Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто стрелките на часовникот се поместуваат во есен и пролет?
За викендот на 29 и 30 октомври, уште еднаш ќе го вратиме часовникот назад и ќе можеме да спиеме за 60 минути подолго со почетокот на зимското сметање на времето.
-
Музеј на мамурлак во Загреб стана европска атракција
Основачите на загрепскиот „Музеј на мамурлак“, Рино и Роберта, внимателно ревидираа како изгледа класична пијана ноќ и користејќи ги сопствените искуства, но и приказните на своите познаници, создадоа нетипичен музеј, посветен на ноќните излегувања.
-
Бензинска пумпа по грешка продавала гориво за едно евро, настана општ хаос
Бензинска пумпа во германскиот град Геролцхофен во Баварија случајно продавала гориво по цена нешто повисока од едно евро за литар.
-
Која храна можете да ја јадете и по истекот на рокот
Еве кои намирници можете да ги користите и по истекот на рокот
-
Играта Монопол "виновна" за поттикнување семејни караници
Кампањата насловена “Fighting is Good” („Карањето е добро“) има за цел да ги акцентира многуте позитивни животни лекции што можат да произлезат од губењето партија Монопол.
-
Тажни сте? Напијте се јогурт со вкус од ванила
Среќата е секогаш на дофат и ако им се верува на научниците, таа се крие во јогурт од ванила
-
Кинески научници развија маска што открива коронавирус во воздухот
Кинески научници развија маска што предупредува на изложеност на коронавирус или грип, се наведува во студијата водена од шестмина научници од универзитетот Тонги во Шангај, објавена во научното списание Матер.
-
„YouTube“ дава 45% од приходите од реклами на креаторите на кратки видеа
„YouTube“ откри нов начин за креаторите да ги монетизираат видеата од кратки форми. На овој начин, компанијата се обидува да одговори на зголемената конкуренција од „TikTok“.
-
Колку чинеше погребот на кралицата Елизабета Втора?
Колку ги чинеше Британците да ја погребаат својата сакана кралица?
-
Тренд кој започна со пандемијата: Вработените ширум светот сакаат да работат од дома
Според истражувањето спроведено од германскиот институт за економски истражувања Ifo, вработените во просек работеле од дома еден и пол ден во неделата. Беа опфатени 27 земји и работници од сите индустрии.