Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
3 најдобри земји за започнување бизнис
Каде треба да започнете ако размислувате за водење бизнис на меѓународно ниво?
-
Над 600 омилени производи на кралицата Елизабета II ќе го изгубат „кралскиот печат“
Смртта на кралицата Елизабета Втора. може да значи и дека 600 нејзини омилени брендови ќе го изгубат нивниот „кралски печат“.
-
10 најстари компании кои одлично работат и денес
Не е новост дека јапонците најдобро знаат како да започнат и одржуваат бизнис. На списокот на „најстарите компании во светот“ има дури и неколку јапонски кои постојат илјада или повеќе години.
-
Во Белгија 55 судии и обвинители доброволно во затвор за да го искусат животот на осудениците
Вкупно 55 судии и обвинители доброволци се одведени во затвор во Брисел за да го искусат животот на затворениците на два дена, соопшти белгиското Министерство за правда.
-
Трговски ланец воведе виртуелни кабини: Се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата
Американскиот ланец на продавници „Волмарт“ најде начин да ги задоволи клиентите кои се помалку трошат поради кризата која ги погодува нивните паричници.
-
YouTube ќе прикажува пет реклами наместо две пред почетокот на видеото?
YouTube, платформа за споделување видеа во сопственост на Google, моментално тестира функција која нема да им се допадне на многу корисници.
-
Јужноафриканците бараат да им се врати дијамантот од жезолот на кралицата Елизабета II
Повеќе од шест илјади луѓе потпишале петиција за враќање на дијамантот во Јужноафриканската Република каде што бил пронајден.
-
10 неколегијални работи што никогаш не треба да ги правите
Многу луѓе мислат дека ќе се истакнат, ако зафркнат колеги, но тоа воопшто не е така - наскоро ќе остават лош впечаток за себе.
-
Кој ги наследува парите на Кралицата: Еве кои се правилата на Британската Монархија!
По смртта на Елизабета, Чарлс и Вилијам стануваат уште побогати луѓе. Приходите од нивните имоти најчесто завршуваат во кралската каса, обезбедувањето им е на државна сметка, а не плаќаат ниту даноци. Што ќе наследат Чарлс и Вилијам од кралицата?
-
Десет градови во кои живеат најмногу милионери
Најголем број милионери живеат во Соединетите Американски Држави, открива новата студија на Henley Global Citizens Report.