Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
"Канцеларија на плажа" - дали би работеле за пониска плата но со фантастични услови!?
Додека некои банки од Волстрит се борат да се вратат во канцеларијата во Лондон и Њујорк, познатата финансиска корпорација Ситигруп се обидува да ја организира работата поинаку, нудејќи можност за работа од „канцеларија на плажа“.
-
Годишно рангирање: Овие се најдобрите пет пицерии во светот
Објавено е годишното рангирање на 50-те најдобри пицерии во светот, составено од италијанската иницијатива „50 Топ пица“. Следи топ-5 листата.
-
Facebook воведува нова опција
Компанијата Meta најави дека социјалната мрежа Facebook ќе добие нова опција наречена Сommunity Chats, со помош на која корисниците полесно можат да организираат разговори на темата која ги интересира.
-
Волкот сѐ уште се смета за штетник и е легална мета за чие убивање се добива и награда
Волкот во земјава сѐ уште се смета за штетник. Ова животно сѐ уште е легална мета, за чие убивање се добива и награда
-
ЕП усвои нови правила за минимални плати во ЕУ
Европскиот парламент го усвои новиот закон за соодветни минимални плати во ЕУ.
-
Постои наводен билборд со кој се бара да го пријавите соседот ако се грее над 19 степени
Наводниот швајцарски билборд се шири на речиси сите социјални мрежи. Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавил дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот. Тој вели дека логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени и дека Владата веќе има покренато истрага за оваа злоупотреба, пишува „Вистиномер“.
-
Кралот Чарлс Трети отпушти околу 100 вработени во неговата резиденција Кларенс хаус која ја користеше пред да стане крал
Вработените добија писмо во кое се информирани дека нивните услуги повеќе не се потребни, а тие писма се испратени додека трае церемонијата на збогување со починатата кралица.
-
Како Ikea, Walmart и другите се обидуваат да ги придобијат купувачите исплашени од инфлација?
Компаниите ги гледаат програмите за лојалност како еден од начините да ги вратат назад купувачите
-
„Google Maps“ добива опција која ќе им помогне на возачите да заштедат гориво во автомобилот – еве како ќе функционира
Еколошките рути во апликацијата ќе бидат означени со знак, и тоа лист.
-
Древна монета, вредна милион долари, вратена во Израел
Пo речиси 20 години барање на повеќе континенти и истрага на бројни детективи, пронајдена е ретката монета од пред 2.000 години, со богата симболика, вредна милион евра, и конечно таа е вратена во Израел, од каде што потекнува.